Иран: „Луда графити седмица“ за политичките затвореници

Од први до седми април, 2012 Фејсбук групата, Луда графити иранска седмица, ги повика сите да направат матрици во чест на стотици ирански политички затвореници.

Луѓето ги ставаа нивните ознаки на маици, огради, на нивните домови и на облека.

Трудот беше инспириран и поддржан од страна на египетската „Луда графити седмица“ која привлече илјада приврзаници кои протестираа против моменталниот воен режим.

Поврзување на виртуелниот со реалниот свет

Ова е чекор по чекор, водич на Јутјуб кој објаснува како да направиш матрица и да ја користиш во реалниот свет.

Неколку фотографии од секаде во светот, споделени во фото-албумот на лудата графити седмица кои покажуваат како луѓето во светот ја поддржуваат оваа иницијатива.

Амстердам

Оукленд, Калифорнија

 

Вашингтон ДЦ

Во име на иранските затвореници, графити се појавија во Холандија, Нов Зеланд, Шведска, Египет, многу градови од САД и пошироко, каде лицата на затворениците за кои сме навикнати да ги гледаме на интернет сега се видливи и во реалниот свет.

Exit mobile version