Фото-блогерите го прикажуваат Авганистан од поразличен аспект

Со објавување на фотографии од различни аспекти на нивната земја, авганистанските фото-блогери го прикажуваат Авганистан поразлично од војна и Wikileaks.

Насим Фекрат, наградуван авганистански блогер,ни ги прикажува двете убави страни на Авганистан – природната убавина на земјата – како и „грдата“ страна, сиромаштијата.

Убавината на Авганистан

Езерото Банд-е Амир, фотографија на Насим Фекрат (користена со дозвола)

Насим напиша:

Бенд-е Амир требаше да стане првиот национален парк во Авганистан во 1960тите години, но поради нестабилноста на владата во Кабул во тоа време, тоа не се случи . Во 2004, Бенд-е Амир беше спонзор за признавање како сајт за Светско културно наследство . Во 2008, Бенд-е Амир конечно беше прогласен за прв национален парк во Авганистан.

Тој исто така ја прикажува и борбата на сиромашните:


Фотографија оф Насил Фекрат (користена со дозвола)

Блогерот изјави:

Многу од сиромашните семејства што живеат во пештери велат дека тие се премногу сиромашни за да живеат на друго место иако владата инсистира дека тие прават штета на тоа место, близу огромните Буди на Бамијан, која е ретко археолошко наоѓалиште. Сите се бегалци кои ја напуштиле областа на борби за време на талибанската ера и сега се вратиле од другите делови на Авганистан. Жителите во пештерите се сите Хазара, кои се религиозни и етички различни и преживеаните на интензивен прогон од страна на Талибанците.

Асадолах Хабибзадех, фото блогер и новинар, со седиште во Херат во Авганистан, сподели неколку фотографии од Херат.

Цртана изложба во библиотеката Херат:

Фотографиите не однесоа на патување во Авганистан, започнувајќи од бизнисот со пчели во Херат до женски конференции во градот.

Exit mobile version