Кенија: Четворица млади Африканци им се спротивставуваат на стереотипите од Холивуд

Откако гледале видео на Јутјуб од MamaHope (непрофитна африканска организација) во кое деветгодишно дете го раскажува филмот Командос, четворица млади Африканци и пристапиле на оваа организација со цел да направат видео, во кое тие ги раскажуваат холивудските филмови: поточно, тие зборуваат за стереотипите кои Холивуд ги користи при портретирањето на Африканците.

Африканци. Холивудски стереотипи е напишано од студентите по медицина Габриел, Бенард и Дерик, студентот по менаџирање човечки ресурси Брајан и MamaHope.

Тие велат, „Ако луѓето веруваа само во она што го гледаат на филмовите, за нас ќе мислеа дека сме насилници и дека го сакаме насилството.“  На нив, исто како и на Mama Hope, им е преку глава од прекумерно сензационалистички, еднодимензионални претстави на Африканците и белите спасители кои се шират низ медиумите. Наместо тоа тие сакаа да ги раскажат своите приказни, затоа им го дадовме микрофонот и тие го направија ова видео.

Exit mobile version