Написи од 14 август 2012
Иран: Уличен чистач најде и врати 500.000 долари
Честопати на насловните страници на иранските весници може да се забележат наслови за мултимилионска корупција. Моментално, главна вест е наголемата банкарска измама во Иран наводно извршена од луѓе кои се поврзани со владата. Но, одеднаш, позитивна вест се рашири низ Иран и надвор од земјата: Уличниот чистач Ахмад Рабани од градот...
Сирија: Телевизиско „признание“ на активистот Али Махмуд Отман
Оваа статија е дел од нашaтa специјална репортажа Протести во Сирија 2011/12. На 28-ми март 2012 година беше уапсен видео активистот Али Махмуд Отман, одговорен за прес-службата на Баба Амр во Хомс. Неговите колеги активисти веруваат дека бил сурово измачуван откако бил уапсен. На 25-ти април, сириската државна телевизија објави ексклузивно интервју од...
Арапскиот свет до Гингрич: „Ако Палестинците се измислени, тогаш Американците се…“
Палестинците се „измислен“ народ кој сака да го уништи Израел, вели републиканскиот кандидат за претседател на Соединетите Држави, Њут Гингрич. Неговите коментари, во интервјуто на една еврејска телевизија, предизвикаа бес и потсмевање кај интернет-корисниците од арапскиот свет. На Твитер, Саудиецот Мохсен Ал Мохсен реагира: @MolMoHsen: Њут Гингрич: Палестинците се „измислен“ народ...
Панама: Нов закон утврдува Министерство за култура
На 24 Април 2012, Панамското национално собрание го одобри „Законот за култура“, кој помеѓу другите работи го издигна и Националниот институт за култура како дел од Министерството за култура. Најголемиот поборник за законот, пратеникот Хозе Бландон (@BlandonJose) вчера објави на Твитер: En pocos minutos se aprobará en Tercer Debate el...
Кенија: Четворица млади Африканци им се спротивставуваат на стереотипите од Холивуд
Откако гледале видео на Јутјуб од MamaHope (непрофитна африканска организација) во кое деветгодишно дете го раскажува филмот Командос, четворица млади Африканци и пристапиле на оваа организација со цел да направат видео, во кое тие ги раскажуваат холивудските филмови: поточно, тие зборуваат за стереотипите кои Холивуд ги користи при портретирањето на...
Иран: Колата на Ахмадинеџад, жена и гладен старец
Видео на интернет на кое една девојка се качува на хаубата на колата на иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад, додека тој беше во посета на Бандар Абас (крајбрежен град на југот на Иран) на 10ти април 2012 година, привлече големо внимание. Девојката кратко зборува со претседателот чие возило е опколено од набљудувачи....
Русија: „Вистинското богохулие“ – Славој Жижек за Пуси рајот
Рускиот колектив „Што да се прави?“ објави есеј на англиски од словенечкиот филозоф Славој Жижек, кој смета дека Пуси рајот „се концептуални уметници во најблагородната смисла на зборот: уметници кои отелотворуваат Идеја“ и се борат против цинизмот на моќниците кои настојуваат да ја вратат Русија на ниво на царизмот, кое...