Порторико: Марш против гасоводот

Илјадници луѓе ширум островот се придружија на „Националниот марш: Порторико стои цврсто против гасоводот“ кој се одржа во неделата на 19 февруари 2012 година во Сан Хуан, главниот град на Порторико. Демонстрантите се движеа од Капитол (законодавниот дом во Порторико) до домот на претседателот на владата (Ла Форталеца). Тие се против т.н. предложен проект „Зелен пат“. Проектот е предложен од администрацијата на гувернерот Луиз Фортуњо, кој сака да изгради 92 метри долг систем кој ќе пренесува природен гас од јужниот брег од островот Сан Хуан до северниот брег преку централниот планински појас.

Маршот беше организиран од организацијата Каза Пуебло, која е со седиште во Адјунтас. Каза Пуебло ги води напорите за да се стави крај на т.н. „Зелен пат“. Еколозите сметаат дека доколку проектот продолжи да се остварува, ќе има негативно влијание врз изданите и прашумите кои се наоѓаат на патот на гасоводот, а со тоа ќе предизвика непоправлива штета за екосистемот на островот. Грасрутс организациите и луѓето кои се против изградбата на гасоводот го нарекуваат „Гасовод на смртта“.

Фоторепортерот Рикардо Алкараз сподели некои од неговите слики за време на протестите. Сите фотографии се објавени со негова согласност.

Луѓето од сите сектори на граѓанското општество се придружија на протестите.

Протестантите маршираа од Капитол (законодавниот дом во Порторико) до Форталеца. Во позадина може да се види западната страна на Олимпискиот дом, седиштетот на националниот олимписки комитет.

Различни сектори се жалат дека проектот ќе предизвика сериозна штета на флората и фауната на островот. Неколку загрозени видови живеат на предложената траса за гасоводот.

Конгресменот Луиз Гутиерез исто така се приклучи на протестите.

Имаше голем број на изведби за време на маршот.

Обвиткан со знамето на Порторико

Ниту еден протест на Порторико не поминува без ла плена, познатиот ритам на демонстрантите за време на протестите.

Exit mobile version