Хуан Карлос Варела, новиот избран претседател на Панама

Хуан Карлос Варела, кандидатот од партијата Пањемиста, победи на претседателските избори во Панама, оддржани во недела, 4ти мај 2014 година. Варела освои 39% од гласовите после избројани повеќе од 60% од избирачките места,  со тоа тој доби 32% повеќе од Хосе Доминго Ариас, од Камбио Демократико, и повеќе од 27% од Хуан Карлос Наваро, кандидат од Демократската револуционерна партија (PRD, според нејзиното шпанско име).

Вака Варела ја објави својата победа на Твитер: 

Денес, победи демократијата, денес Панама победи затоа што на светот му дадовме знак на граѓанство. 

Други корисници ги повторија неговите зборови: 

Му се заблагодарувам на Господ, оние кои гласаа за моите предлози и оние кои гласаа за другите предлози, победникот тука е панамскиот народ. 

Exit mobile version