Авганистанската асоцијација на блогери (Авган Пенлог) ги надмина финансиските тешкотии и пречки од типот на прекините на струја и ја организираше првата блогерска работилница во својата историја. Работилницата се одржа во Кабул на 3-4 април, во соработка со Насим Фекрат и Масуме Ебрахими [fa], двајца активни авганистански блогери.
Насим Фекрат помага во одржувањето на работилницата.
Насим Фекрат вели [fa]:
Ова искуство беше многу корисно. Научив многу. Повеќето од луѓето кои учествуваа на оваа работилница беа новинари, академци, писатели и други кои можат да помогнат да се ревитализира нашата култура и интелектот во авганистанското општество кое се дави во досада. Организирањето на таква работилница беше една од моите цели веќе подолго време. Конечно, благодарение на Геомап и Масуме Ебрахими тоа стана реалност.
Се плашев да влезам во светот на интернет и блогирање… Можеби тоа беше техничка бариера. Но оваа работилница од ден и пол ја промени мојата перцепција…Не би било вистина ако кажам дека сите мои проблеми со интернетот беа решени во овие два дена, но јас сепак одлучив да започнам свој блог, што докажува колку беше ефективна оваа работилница.
Сафех вели [fa] дека блогирањето е нова работа во Авганистан и дека академците и учителите тукушто ја откриваат.
Зартошт пишува [fa] дека таквите работилници би можеле да бидат најважниот чекор за новинарството во Авганистан.