Отпуштањето на мексиканската новинарка Кармен Аристегуи иницираше загреани дебати на Твитер

На лансирањето на MéxicoLeaks (МексикоЛикс), платформа која прибира „протечени” информации за можна корупција, новинарката Кармен Аристегуи и нејзиниот истражувачки тим изјавија дека тие ќе го поддржат проектот. Ова доведе до отпуштање на соработниците на Аристегуи, Даниел Лизарага и Ирвинг Хуерта, од страна на нивниот работодавач Радио МВС, за наводно компромитирање на името на компанијата. Како одговор, Аристегуи бараше од радио станицата повторно да ги вработи Лизарага и Хуерта, по што компанијата ја отпушти и неа.

Ова иницираше масовна поддршка од следбеници на Твитер, кои јавно го изразуваа нивното незадоволство кон МВС Вести со хаштаговите #EnDefensaDeAristegui (Во одбрана на Аристегуи), #EnDefenesaDeAristegui2, и #AristeguiSeQueda (Аристегуи останува). Корисниците исто така дискутираа и за состојбата со слободата на говор во Мексико.  

Јас ја поддржувам Аристегуи.

Моќта на женскиот глас

Преку цензурирањето на Кармен Аристегуи, сите ние губиме, како и демократскиот процес во Мексико. Не можеме да не помислиме дека нејзиното насилно отстранување не е поврзано со критичкиот став кој оваа храбра и неверојатна новинарка го има демонстрирано преку нејзината успешна кариера.

Мексико, #NoTeCalles [не молчи]. Да не го изгубиме нашето достоинство!

Ја отпуштиле Аристегуи? Ние Мексиканците ги отпуштаме МВС.

МВС е обвинета дека е поврзана со Partido Revolucionario Institucional (Институционална револуционерна партија, PRI на шпански).

Можно ли е?? Што мислите вие?

Ве поканувам да ја блокирате @NoticiasMVS преку масовно отследување! Вашата поддршка навистина се чувствува, ви благодарам многу. 

„Поради недостиг на интегритет, етичност и храброст за вистинско новинарство, учестувајте во масовното отследување на @NoticiasMVS“

Од друга страна, хаштагот #LárgateAristegui (Оди си Аристегуи) продуцираше критики и вербални напади кон оваа мексиканска новинарка: 

Кармен обожава да биде во центарот на вниманието и да изигрува жртва. Таа има комплекс на маченик.

Одлично, ние не сакаме гнасни лезбејки.

Партијата на власт, PRI, е обвинета дека го создала хаштагот: 

PRI плаќа на нивните пењаботови* да ја направат популарна темата #LárgateAristegui како начин на задушување на слободата на говорот. 

Пењаботови се сомнева дека се лажни профили направени од администрацијата на претседателот Пења Нието со цел да се спротивстават на било какви спротивставени ставови кон владата.

Exit mobile version