Ова беше бурна седмица на невообичаени временски услови за голем дел од Левант во текот на која поројни дождови и изненадувачки снег ја прекрија областа. Во сирискиот главен град улиците се покриени со снег за прв пат по многу години. Иако, од небото над Дамаск од време на време паѓа по некоја снегулка, ретко кога се задржува на земјата. Еден блогер, 50% Сириец, е восхитен од случувањата:
За најголемиот дел на млади луѓе од Дамаск (од 20 до 30 и некоја година), ова е прв пат во нивниот живот да видат снег во Дамаск. Во еден извештај кој штотуку го прочитав пишува дека во овој прекрасен град полн со дух и душа, последен пат паднал снег пред 25 години. Но, според мојот свекор тоа било пред 50-тина години… и оттогаш тој не видел снег по улиците на сирискиот главен град.
Пред да се преселам во овој град кој толку многу го ценам и обожувам, јас живеев во и надвор од Дамаск во текот на многу годишни времиња, но ова е прв пат во мојот 30 и нешто годишен живот да видам како снег, толку мирно и спокојно снежи од небото, исполнувајќи ме со надеж и љубов повеќе од било што друго.
Зошто толку Сирија? (Why so Syria?) се опишува себе си како мексиканска aмериканка во Дамаск по потекло од Бостон. Токму поради тоа таа беше особено изненадена кога се разбуди гледајќи снег насекаде. Блогерката пишува:
Во ред, до Божиќ има само уште неколку дена, но утринава во Дамаск се разбудивме со снег во изобилство. Какво неочекувано и пријатно изненадување! Како што поспано ги отворив очите и погледнав низ прозорецот, за момент помислив дека се уште сум во Бостон…
…Овој град секогаш е полн со изненадувања. Токму кога ќе помислиш дека си дознал сѐ за местото, ОП — СНЕГ! Да не ти се верува.
За несреќа, сирискиот блогер Аиман Ашур (Ayman Ashour) ги пропушти снежните врнежи. Тој духовито забележува:
Еден сириски сателитски телевизиски канал го сподели овој прекрасен видео запис на ЈуТјуб (YouTube), кој ја прикажува убавината на снежните врнежи во Дамаск:
Заслуга за прва фотографија: Мостафа Хамидо, Проект Алепус (Aleppous Project)