Марш за солидарност со емигрантите кои исчезнаа обидувајќи се да дојдат во Европа

Human Chain in Strasbourg (Photo Suzanne Lehn)

Пароли на маршот во одбрана на емигрантите во Стразбур (Фотографија на Сузан Лен)

„Европа се бори со нејзините измислени непријатели“: Ова е пораката која десетици асоцијации во одбрана на емигрантите сакаа да ја пренесат кога организираа човечки синџир помеѓу трамвајската станица „Droits de l'Homme“ (Човекови права) и седиштето на Парламентот на ЕУ во Стразбур на 26 ноември. Со цел враќање на човековите права во сржта на Европа и против полисата усвоена од Европската агенција за гранична контрола Фронтекс, демонстраторите носеа пароли преку кои ги раскажуваа трагичните несреќи на емигрантите кои се обидуваат да дојдат во Европа. Во изминативе 20 години, повеќе од 20.000 емигранти загинаа или исчезнаа обидувајќи се да дојдат од своите родни градови до Европа.   

Еве неколку фотографии од настанот :

Синџирот од луѓе пред Европскиот Парламент во Стразбур (фотографија на Сузан Лен)

Демонстратите зборуваат еден по еден како што се движат кон парламентот (фотографија на Сузан Лен)

Во позадината, Европската Комисија за човекови права (фотографија на Сузан Лен)

Exit mobile version