Низ САД луѓето го одбележуваат 2 ноември како Ден на мртвите (Día de los Muertos), мексиканска прослава во чест на луѓето кои починале и која прави да размислуваме за смртта на поинаков начин.
Исклучителната естетика на оваа традиција — декорирани черепи, цвеќиња, комплицирани олтари — ги заведоа Американците, станувајќи еден од најпопуларните костими за време на Ноќ на вештерките. Поп културата исто така го поддржува овој празник со филмови како „Книгата за животот” од мексиканскиот режисер Гилермо Дел Торо и филмот во најава „Коко” од студиото Пиксар.
Разни компании заинтересирани за големиот латиноамерикански пазар во САД ја додаваат прославата на 2 ноември во нивните маркетинг кампањи и односи со јавноста. На пример, ланецот супермаркети Trader Joe декорираат некои од нивните продавници со calaveritas (декорирани черепи) и продава zempazuchitl цвеќиња (невен), помеѓу другите артикли.
вино за денот на мртвите! @ Trader Joe http://t.co/IhnhnARS
— Енди Милс (@AndieMills) 28 септември, 2012
вино за денот на мртвите! @ Trader Joe http://t.co/IhnhnARS
— Енди Милс (@AndieMills) 28 септември, 2012
Дудл-от на Гугл на овој ден беше направен од papel picado, декорација типична за мексикански прослави.
.@google celebra el #DiaDeMuertos con un doodle muy mexicano https://t.co/NYwnA2HsOApic.twitter.com/727s6Jf5zo
— Ел Универзал (@El_Universal_Mx) 2 ноември, 2015
Гугл го прославува Денот на мртвите со баш мексикански дудл
За бизнис, заедништво, општа култура, или лични намери, еве пет факти за оваа мексиканска прослава.
Не претходниот или следниот.
Израснавме носејќи цвекиња, храна и пијалоци на гробиштата во чест на нашите починати блиски. Пиењето беше целосно за нив. Навистина.
Но, само неколку држави од Јужна Америка го прославуваат.
Областа Мишн (Mission) во Сан Франциско (дом на најголемата мексиканска заедница во градот) ја присвои оваа традиција во 1970те, додавајќи, и трансформирајќи ја низ годините во микс на џез поворки со Њу Орлеански стил, со нашминкани маски и костими, и благослововување според Ацтешки ритуали и танцови.
Со оваа мексиканска-латино прослава, луѓето учат да не се плашат од смртта и од мртвите, туку да се поигруваат со концептот и да се исмеваат на нашата смртност.