Неколку од студентите од втората рунда на работилници на Српската школа за веб-новинарство
Онлајн новинарството е дефинирано како известување за факти, кои се создадени и дистрибуирани преку интернет (Википедија). Традиционалните новинари често не ги сметаат блогерите без професионално искуство за новинари. Но, од 2005, блогирањето генерално привлече повеќе внимание и доведе до некои промени врз традиционалното новинарство. Повеќето интернет корисници се согласуваат дека онлајн изворите се често помалку пристрасни и поинформативни од официјалните медиуми. Овие денови професионалните новинари се повеќе ги користат овие моќни медиуми. Оваа школа ќе им помогне на амбициозните српски новинари да се вклучат во веб-новинарството.
Повеќе за наставниот план на Српската школа за веб-новинарство може да погледнете тука. Во основа студентите учат како да користат блогови, да уредуваат веб-содржини, да работат со фотографии и видео новинарство, да научат за подкаст, социјално обележување на сајтови, социјални мрежи итн. Тие исто така ќе се запознаат со кибер-активизмот, онлајн маркетингот и новите медиуми. Сето ова се изучува преку 12 модули во 12 недели.
Втората рунда од работилниците започнаа на 23 ноември 2008. Учесниците во оваа рунда се најчесто млади дипломци по новинарство, политички науки и професионални новинари. Профилите на учесниците, како и фотографии од нив може да се погледнат на следниов линк.
Српската асоцијација на новинари и Министерството за култура на Србија имаат одобрено грантови за седум од четиринаесетте студенти, со цел да компензираат за школарината и за они кои се останати без работа поради работилницата.
На 29ти ноември, новинарот Предраг Прокопљевиќ одржа теоретска сесија за две форми на новинарството: известување и вести и потоа следуваше и практична сесија. Славољуб Кацаревиќ, одговорниот уредник на магазинот Балкан одржа предавање за како да се изведуваат интервјуа.
На 30 ноември Љубиша Бојиќ презентираше кратка историја за интернетот и зборуваше за граѓанското новинарство, новите медиуми, дигиталната промоција, користењето на Gmail и отворање на блогови со помош на WordPress. Според нивниот блог на Rising Voices, студентите биле мотивирани за да го истражат интернетот и да ги креираат своите први блогови.
Еве линкови до новите блогови на учесниците:
Сајтот Netvibes ги собира сите фидови од блоговите на студентите на српски јазик.
Ќе бидете зачудени колку добро овие студенти ги искажуваат своите мисли на блоговите, користејќи фотографии и текст.
Расел Гордон во Српската школа за веб-новинарство. Фотографија: Горан Нечин
На 6ти декември, американскиот фотограф и репортер Расел Гордон одржа предавање на тема „Медиумска војна – правилно и неправилно користење на фотографијата“. Прочитајте тука повеќе информации за презентацијата и реакциите на некои од студентите кои напишаа за тоа на нивните блогови.
По презентацијата студентите го интервјуираа Расел Гордон:
Наредната недела закажано е Расел Гордон да одржи курс за фото-новинарство за студентите од школата за веб-новинарство. Еве дел од слајдовите кои ќе бидат презентирани:
Курс за фото-новинарство на Српската школа за веб-новинарство
Тука може да најдете детали за нејзината сесија за комерцијални видеа.
Слајдовите од презентацијата се достапни тука. Еве неколку слајдови кои се создадени од учесниците.
Се надеваме дека со користење на алатките на новите медиуми овие веб-новинари ќе создадат различна култура во новинарството во Србија, која ќе се заснова на интерактивност со помалку правила и помалку ограничувања.