Палестина: Терористички кукли

„Што може да ги усреќи повеќе вашите деца оваа година од играчка која наликува на терорист на Ал-Каеда?“, прашува палестинско-американскиот блогер Навал од Bloggin’ Banat.

Играчката ја добивате целосно опремена (што е одлично бидејќи ќе ви заштеди пари за време на оваа финансиска криза). Доаѓа заедно со рачни гранати, пиштол, пушка и најважното исфрлач на ракети (кул, нели?). И колку да знаете има и фигура од нацист мајор. Знаете, само колку да ја изедначите огорченоста.

Креирана по класичните Лего фигури, играчките се направени од BrickArms од Редмонд, Вашингтон (САД). Сајтот нуди 10 војнички кукли, вклучувајќи американски маринци и нацисти, како и 31 различни оружја.

Куклата прикажана погоре е позната како „Mr. White (г. Бел)“ и се продава по цена од 14 американски долари. Додатоците кои доаѓаат со неа се шлем, пиштол, пушка, гранати и реденик.

Доколку размислувате да купите играчка за време на празниците, треба да знаете дека има голема побарувачка и за повеќето од играчките продажбата е сопрена. Но без паника, сопственикот на компанијата уверува дека продажбата набрзо ќе продолжи со нови производи на залиха.

Exit mobile version