Рангирани најсреќните (и најмалку среќните) земји во светот

За да создаде индекс на позитивно искуство, Галуп интервјуирале 150.000 возрасни лица во 148 земји поставувајќи им прашања како: „Се смеевте/насмеавте ли вчера“? и „Научивте ли или направивте ли нешто интересно вчера“.

Според Quartz, земјите кои воделе во поглед на изразување позитивни емоции биле, неочекувано, сите од Латинска Америка, од Парагвај па до Никарагва.

На скала од 0 до 100, истражувањето покажало дека просечниот индекс на позитивно искуство во светот за 2014 година бил 71/100-  „ист како што бил во 2013 година и скоро ист како во годините од 2006 година наваму“.

Земја со најнизок индекс на позитивна емоција бил Судан (47/100). Нивоата на среќа биле исто така ниски и во Тунис, Србија, Турција и во други земји, што се должи очигледно на војната и другите облици на политичка нестабилност.

Во Боливија и Ел Салвадор на пример, 59% од испитаниците одговориле со „да“ на сите прашања кои се однесуваат на позитивни или негативни емоции, што им донело на овие нации особено високи „емоционални“ резултати.

Exit mobile version