Македонија: Користете го Фејсбук ако сакате да флертувате со политичарите

Во националниот весник „Вест“ на насловната страница беше објавен напис „Флертувајте со политичарите на интернет“, во кој се вели дека доколку граѓаните на Македонија сакаат да разговараат со политичарите тоа може да го направат само преку некоја од социјалните мрежи:

Ако македонските политичари не можете да ги најдете во нивните канцеларии, во министерствата или во партиските седишта, речиси сигурно ќе ги најдете на Интернет сајтовите за дружење. Голем дел од нив се присутни со свои профили на најпознатата светска веб-страница за дружење Фејсбук.

Ни македонските политичари не останаа имуни на Фејсбук вирусот. На оваа глобална мрежа за дружење се министерот за евроинтеграции Ивица Боцевски, шефицата на МВР Гордана Јанкуловска, министерот за информатика Иво Ивановски, поранешната лидерка на СДСМ Радмила Шеќеринска, министерот за странски инвестиции Веле Самак и неговиот поранешен колега Глигор Ташковиќ. За дружба на Фејсбук се и преговарачот за името Никола Димитров, лидерот на ДПА Мендух Тачи, ексминистерот за внатрешни работи Љубе Бошкоски, македонската амбасадорка во Хаг Шпреса Јусуфи, поранешниот министер за екологија од ДПА Имер Алиу, експремиерот Љубчо Георгиевски, шефот на НСДП Тито Петковски и поранешниот пратеник Филип Петровски кој важи за еден од најинвентивните фејсбукери.
[…]

Неколку блогери го објавија написот и ги оставија своите читатели да го коментираат. Блогот Комуникации објави пост во кој ги наведе своите аргументи за овој пост:

[…]

На Антиблогот на Филип Петровски, кој исто така го објави написот од весникот, Ѓуровски го остави следниов коментар:

На политичарите, ваквите „профили“, „блогови“, „акаунти“, најчесто им ги одржуваат партиските послушници и секаква интеракција со нив е смешна и залудна.

Затоа не се лажете и „ложете“ ко млади мајмунчиња, затоа што наместо Шеќеринска или Брат Љубе, од другата страна сигурно е некој дечко што кога си ги врши обврските на профилот на својот наредбодавец сигурно се кикоти и се прашува – „Со кои дебили си имам работа“!

На Кајмакот беа дадени и неколку предлози за решавање на спорот за името со Грција кои произлегоа како идеја од написот:

Можеби Македонија2.0 не е лошо предлог име? 😉

Exit mobile version