Македонија: Барања за триумфален пречек за параолимписката шампионка

Оливера Наковска-Бикова

Оливера Наковска-Бикова. Промотивна фотографија од On.net.

Македонските корисници на социјални медиуми бараат државата да организира прослава за Оливера Наковска-Бикова, која освои златен медал во стрелаштво во финалето на Параолимписките игри во Лондон, откако на квалификациите собори светски рекорд.

Досега, успешните индивидуални спортисти, особено жените, како европскат шампионка во карате за 2011 г., Наташа Илиевска, не беа удостоени со спектакуларен пречек каков што им беше овозможен на репрезентативците кои стигнаа до 4 место на Европското првенство (при што ја имаа победено Грција).

Многумина (1, 2) сметаат дека е срамота што ниту една телевизија не го започна вечерниот дневник со вест за подвигот на Наковска-Бикова. Додека Македонија бележи многу скромни олимписки резултати, параолимпијците имаат освоено златен и сребрен медал, во 1992 односно 2004.

Exit mobile version