ФОТОГРАФИИ: Повторно откривање на Словенија, прекрасното место со природни богатства на Балканот

Словенија во последните години станува попозната дестинација од кога и да е поради бројните привлечни места за одмор кои ги има, особено за Европејците. Идејата на Словенија да се насочи и да развие здравствен туризам е просперитетен успех, додека оваа мала држава сега има десетина природни спа центри и одморалишта за подобрување на здравјето.

Користејќи ја нејзината географска предност во однос на местото и климата, развојниот план на Словенија создаде едни од 15 најмодерни здравствени одморалишта под насловот „Преку природа до здравје“. Оваа кампања за спа туризам и донесе на Словенија голем број посетители кои се љубители на зелениот Медитерански брег.

Едно од познатите природни чуда на Словенија – Шкоцјански Пештери; се користи под лиценца на Криејтив комонс

Брегот на Словенија е долг само 46.6 километри, додека пак крајбрежните градови Пиран, Изола и Копар привлекуваат туристи со нивните автентични и средновековни градби. Корисниците од цела Европа и светот, кои се чини дека најмногу ги вчудоневиделе природните чуда во земјата, ова лето ги преполнија сајтовите на социјалните медиуми со топли поздрави. Една Фејсбук страница за спелеолошки ентузијасти споделува слики со туристи од прекрасните Шкоцјански пештери. Друга Фејсбук страница, посветена на летaта во Словенија, споделува слики на корисници од летни активности како што е на пример рафтинг.

Часови по кајак во долината Соча; фотографија направена од Кајакарење во Соча, за чие користење има дозвола

Долината Соча нуди многу активности и авантури; фотографија направена од Кајакарење во Соча, за чие користење има дозвола.

Сепак, најпопуларна дестинација се чини дека е градот Блед:

Аластер Мавор, студент по историја од Лондон на Универзитетот Нотингем, за Блед вели:

Друг Твитер корисник, медиумски професионалец и роден говорител во Словенија, @LenjaFPapp вели:

Посетител од Австрија @StephDo_ објави живописна фотографија од езерото Блед:

Словенските езера се уште привлекуваат најголемо внимание на посетителите, но Словенија се чини има намера да го привлече вниманието на туристите и на другите места и активности што земјата има да ги понуди, а АБЦ Њуз тоа го нарекува одмор во срцето на Европа.

Exit mobile version