Студенти во Чиле протестираат за реформа на образованието

Protestas Chile

Протести во Сантијаго де Чиле. Фотографија од корисникот на Фликр NOtodoesARTE. CC BY-NC-ND 2.0.

[Сите линкови водат до веб-страници на Шпански.]

Првиот протест за образованието за време на сегашната влада на претседателот Michelle Bachelet се одржа на 8 мај, 2014, со потребната претходна авторизација.

Протестите сметаа на учеството на неколку групи. Помеѓу нив беа Студентската Конфедерација на Чиле (Confech), Националното здружение на студенти (ACES), Националниот координатор за студенти (Cones), Организацијата на приватни федерации за повисоко образование (Ofesup) и Асоцијацијата на службеници на министерството за образование (Andime).

Протестот бараше бесплатно квалитетно образование како и активно учество во реформата, која во моментот се проучува. Весникот La Tercera известува:

Студентски марш, што се е во игра тука? Претседателот на Феуц вели дека студентите сакаат „учество во реформата“ http://t.co/kkESMigWrC

Маршот беше симултано изведен во главниот град Сантијаго и неколку други локации во државата. Беше забележано учество и присуство на забележителен број на студенти.

Qué bueno ver que la marcha estudiantil fue masiva en #Santiago y regiones. Todos por una nueva educación, que construya un mejor #Chile

— René Naranjo S. (@renenaranjo) May 8, 2014

Колку е добро да се види дека студентскиот протест беше масивен во Сантијаго и регионите. Сите за едно ново образование кое гради едно подобро Чиле.

Илјадници млади луѓе учествуваат во првиот студентски протест годинава во Concepción.

Имаше протести и во неколку градови од внатрешноста на државата, како во Iquique, Valparaíso, градот кој е седиштето на Националниот Конгрес и Valdivia.

За жал, во некои места протестите беа засенети од немири претежно предизвикани од луѓе кои не се студенти и кои немаат ништо со нивните барања.

Naschla Aburman, претседател на Феуц, ги обележа овие нарушувања како „изолирани инциденти“ и изјави дека има работи кои не се одговорност на организаторите. 

Корисниците на Твитер ги изразија своите мислења, ширејќи слики и информации за последиците: 

AHORA: Intendente @orrego dice que “no hubo ningún incidente” durante marcha estudiantil. Sí “violentistas organizados” al final de ella

— Mauricio Bustamante (@tv_mauricio) May 8, 2014

СЕГА: Гувернерот Орего вели дека „немаше никакви инциденти“ за време на студентскиот протест. Имаше „организирани насилници“ на неговиот крај.

Централниот Универзитет пријави штета од околу 20 милиони пезоси по студентскиот протест.

Генералот Рикардо Солар информира дека бројот на приведени по протестот е 101.

Ромина, јас сум студент, и се согласувам со мирниот протест, но овие групи се организирани.

Exit mobile version