Унгарија: Фотоблогирање

Како што се наближува самитот на граѓански медиуми на Глобал Војсис во Будимпешта и откако претставивме неколку унгарски блогови за храна, сега ќе ги разгледуваме унгарските фотоблогови. Ги има многу, со висок квалитет, па затоа еве еден мал дел од нив.

Веројатно најпознатиот фотоблог во Будимпешта е Дневно Фото од Будимпешта, од истиот автор како и Водич низ Будимпешта. Исто така, неговите фотографии може да се погледнат на неговиот Фликер профил.

Двете фотографии подолу се од Дневно Фото од Будимпешта, левата е од Св. Ладислав:

Ладислав е еден од најмногу почитуваните кралеви на Унгарија. По долг период од граѓански војни, тој ја зајакна кралската моќ во неговото кралство со воведување неколку закони. Откако бил прогласен за светец, Ладислав станал пример за храбар крал на Унгарија.

Фотографијата од десно е од знак на дрво кој го има пронајдено во Буда.

Мултимедијалниот блог Истражи ја Унгарија нуди албуми од патувања, од кои последното е во Самис Марзипан Музејот во Сентандреја. Авторот има и Фликер профил каде може да се најдат многу фотографии од Унгарија и Будимпешта, како на пример оваа од фасада на зграда во Будимпешта:

Фотоблогот на Ервин Сперла има неколку импресивни фотографии од Будимпешта, како оваа подолу од новиот мост којшто се гради над Дунав. Цел албум од мостот може да се погледне на неговиот Фликер профил.

Друг фотоблог е Голо око, од каде е преземена фотографијата подолу од колата Импала во центарот на Будимпешта. Неговите понови фотографии вклучуваат фотографии снимени со фотоапарат без леќи и две фотографии од унгарското јадење летчо.

Фотоблогот на Дими има фотографии и во боја и црно бели од случајни сцени во Будимпешта, доловувајќи секојдневни моменти од неочекувана интимност и вистина. Фотографијата подолу е преземена од овој фотоблог.

Друг интересен фотоблог е Андрејс, кој има неколку фотографии од кафулињата во Будимпешта, како што е оваа:

Неколку унгарски фотоблогови може да се најдат и на Аминус3, висококвалитетен хостинг за фотоблогови. На пример, корисникот Флмстрп има фотографии од весели луѓе снимени во и околу Будимпешта, како и прекрасни пејзажи како на следнава фотографија:

За оние што не најдоа доволно фотографии од Унгарија на овие фотоблогови, може да ја разгледаат колекцијата на Фликер, Унгарија започнува тука, каде може да се погледнат фотографии како оваа подолу од унгарската железничка станица Келети.

Exit mobile version