Грција: Документарецот „Долгократија“ достапен на англиски

„Долгократија“ (анг. Debtocracy), документарен филм на Катерина Китиди и Арис Хаџистефану за причините и можните решенија на грчката должничка криза, од 6 мај може да се гледа со англиски превод. Филмот, кој до тогаш наводно имал над 1 милион гледања, е дистрибуиран под лиценцата Криејтив комонс наведи извор-сподели под исти услови 3.0. Овој „документарец чиј продуцент е публиката“ е направен со 8.000 евра надокнадени преку мали донации (грчки) од индивидуални граѓани и синдикати. Содржи споредби со случаите на Аргентина и Еквадор.

Exit mobile version