Фестивал за урбана уметност истакнува соседство во Порторико

[Линковите водат до страници на шпански јазик, освен ако не е назначено поинаку.]

Четвртиот годишен фестивал за урбана уметност познат како Santurce es Ley (Сантурсе е закон), кој се одржа викендот 5-7 април, е настан за време на кој визуелни, изведувачки и музички уметници се здружуваат за да создадат улична уметност во соседството Сантурсе.

Во изминатите неколку декади, она што некогаш беше меѓу најважните урбани центри во Порторико – жив културен и комерцијален центар – постепено расипувајќи се во еден од најлоши соседства во главниот град Сан Хуан. Изобилие од празни згради; тротоари кои се распаѓаат; дури и површен поглед открива длабока општествена нееднаквост.

Во последните години, се прават напори да се ревитализира Сантурсе, можеби најпознат како артеСантурсе алијанса на културни институции. Но, овие напори кои вклучуваат се од активности на отворено за целата заедница, комерцијални, културни и проекти со недвижности, во најголем дел се концентрирани во една од главните артерии на Сантурсе, авенијата Понс де Леон. Уште повеќе, негативната страна на овој развор е релокацијата и елиминацијата на цели заедници.

Santurce es Ley е замисла на уметникот Алексис Бускет. Оваа година фокусот беше Calle Cerra (Улицата Cerra), улица која одигра клучна улога во историјата на музичката индустрија на Порторико. Денес Calle Cerra е дом на многу членови на доминиканската заедница, кои се многу маргинализирани во земјата. За време на настанот кој траеше цел викенд, постана порториканската мека за слики на ѕидовите. Подолу се некои од фотографиите кои ги сликав кога се шетав низ Calle Cerra во деновите по фестивалот.

Уметничка инсталација од Colectivo Camiseta (La CoCa).

Темата на агрокултура ечеше низ овогодинешната прослава на Santurce es Ley.

Урбана фарма на Calle Cerra.

Фреска на урбаната фарма создадено по повод овогодинешниот фестивал.

Како дополнување на привлечната фреска, овој напуштен простор сега може да се пофали и со растенија во саксија, нешто што не се надевав дека ќе најдам.

Оваа фреска, една од најимпресивните на урбаната изложба, се чини дека е метафора на порториканскиот капитализам. Од Colectivo Basta.

Уште една интересна фреска на Calle Cerra.

Детали од фасадата на зграда со симбол на Сантурсе.  (Историски, Сантурсе е познат како Сан Матео де Кангрејос, шпански збор за морски ракови.)

И покрај поволниот прием на уметничкиот фестивал Сантурсе, исто така доби и критики. Еден од најсилните аргументи беше дека луѓето кои живеат во областа не учествуваат во уметничките активности и не се претставени, мноштвото се имигранти од Доминиканската Република. Даниел Нина, кој пишува за El Post Antillano, го рече следното:

Tendríamos que pensar esta convocatoria de Santurce es Ley como un proceso a democratizar. Me pregunto, para la quinta edición en el 2014, ¿cuántos de los artistas serán dominicanos, de ahí mismo, de la comunidad de la pobreza y la desesperanza? A los organizadores les pedimos que tomen nota. Inventen un Santurce es Ley que sea representativo de la diversidad cultural de la región, y no exclusivo de unos afortunados que por razón de ser intocables, invaden comunidades a su predilección.

Треба да гледаме на Santurce es Ley како можност за поголема демократизација. Се прашувам за петото издание во 2014; колкумина од уметниците ќе бидат Доминиканци, од таму, од заедницата која е сиромашна и очајна? Молиме организаторите да забележат. Да се направи Santurce es Ley кој е претставник на културниот диверзитет во регионот, а не само на неколкумината среќни, бидејќи тие се сметаат за повеќе од понижени, ги преземаат заедниците како сакаат.

Организаторите одговорија на критиката на Фејсбук. Ракавицата е фрлена, но ќе мора да почекаме до следната година од фестивалот за да видиме дали организаторите се желни да ги прифатат. Може да видите повеќе фотографии од фреските нацртани за време на фестивалот тука и тука.

Сите фотографии се сликани од авторот.
Exit mobile version