Поглед во внатрешноста на Домородниот универзитет во Венецуела

Како е да се биде студент на Домородниот универзитет во Венецуела? Тројца студенти од департманот на еду-комуникација неодамна учествуваа во работилница предводена од Rising Voices со цел да научат како да сликаат подобри дигитални фотографии и како да ги постават и споделат на интернет.

Овие тројца студенти се дел од напорот да се покаже овој универзитет дизајниран да им овозможи меѓукултурна и експериментална форма на образование на студентите од венецуелските домородни заедници. Со пристапување на сателитската врска на универзитетот, која беше овозможена од владината програма наречена Infocentros, студентите можат да пристапат на интернет за да споделат фотографии од активности, учичници и прекрасната природа која го опкружува кампусот од 2000 хектари лоциран во државата Боливар.

За да прочитате повеќе за универзитетот и работилницата одржана во февруари 2013, ве молам прочитајте го написот на блогот Rising Voices.

Ова се некои од фотографиите сликани од студентите и поставени на универзитетската сметка на Фликр. Кликнете на фотографијата за да ја погледнете оригиналната фотографија.

Типична структура на шапка наречена „чуруата“ каде студентите се собираат за состаноци и други групни активности. Фотографија од Акането.

Мурал од „Кивкси“ водач на домородците, убиен во Бразил, чија слика го краси внатрешниот ѕид на чуруата. Фотографија од Акането.

Симболи кои се користат за означување за време на традиционални активности и за време на комунална работа. Исто така може да се користат како заштита од лоши духови. Фотографија од Вадаана.

Подготовка на јадење покрај реката која тече низ Домородниот универзитет во Венецуела. Фотографија од Акането.

Типична пржена риба подготвена од студентите. Фотографија од Куранича.

Мост над Кањо Таука, мала река која тече низ кампусот, каде студентите може да се капат и да рибарат. Фотографија од Куранича.

Портрет на Једеванади од Џе’квана домородната заедница. Фотографија од Вадаана.

Повеќе фотогорафии може да најдете тука.

Exit mobile version