Филипини: Поплави го зафатија Метро Манила и околните покраини

Силен дожд предизвика огромни поплави во бројни делови од Метро Менила и во близина на покраините на островот Лузон на Филипините. Метро Манила, главниот урбан центар во земјата, е составен од 17 градови и општини. Часовите во училиштата и работните места, како во приватниот така и во државниот сектор веќе беа одложени од страна на владата.

На сликите подолу, превземени од Фејсбук и Твитер, е прикажан опсегот на поплавеноста во метрополата, а ситуацијата би можела да се влоши заради непрекинатиот дожд.

Силен дожд во Метро Манила и 9 други покраини. Слика од Фејсбук страницата на филипинската влада.

 

Друга географска карта која ги покажува реоните погодени од дождови и поплави. Фотографија од Фејсбук страницата на Надја Де Вера.

Темни облаци натежнуваат над центарот на Метро Манила. Фотографија од Фејсбук страницата на Лорелин Окампо.

Поплава во најстариот азиски католички универзитет. Фотографија од Фејсбук страницата на Декстер Аквитанија Австрија.

Поплави во Марикина Сити. Фотографија од Фејсбук страницата на Дејв Љаванес Помладиот.

Фотографија од поплавувањето во Марикина со уличните светилки. Фотографија од Фејсбук страницата на Крис Веласко.

Излевање на реката во Монталбан, Ризал источно од Манила. Фотографија од Фејсбук страницата на Мариа Фема Дутерте.

Поплава во Морајта близу државната универзитетсска зона. Фотографија од Фејсбук страницата на Аирон Сулит.

Поплава во Сан Хуан Сити. Фотографија од Твитер страницата на @michelleorosa.

Поплава на подземниот премин Ајала лоциран во централната бизнис зона во земјата. Фотографија од Фејсбук страницата на Џоел Гарзота Вмобиле.

Поплава во Бакор, Кавите јужно од Манила. Фотографија од Фејсбук страницата на ASAP XV.

Поплава во Бокауе, Булакан северно од Манила. Фотографија од Фејсбук страницата на Алмонд Андрес.

Владата издаде список на поплавени подрачја во Метро Манила. Друг список ги покажува патиштата кои се се уште поплавени. Медиумски групи исто така составија список за центри за евакуација и помошни операции во метрополата.

Корисниците на Твитер, користејќи ги имињата #rescueph и #prayforthephilippines, ја следат ситуацијата. Подолу има Твитер потсетник за медиумски репортери кои ја следат катастрофата.

@katray: Медиумски пријатели, го цениме трудот. Посакувам новинарите да се водоотпорни. Но, бидејќи не се, се надевам дека се безбедни. Чувајте се луѓе 😉

 

Карл Рамота е разочаран од задоцнетиот одговор на претседателот:

Драга Акино влада, брфингот требаше да го направите вчера вечер или рано утрово. Не сакаме да ве гледаме во мантили и јакни во конференциска сала, зборувајќи за работи кои веќе ги знаеме или веќе доживуваме. Качете се на амфибиски бродови и направете визуелна инспекција на поплавените места. Одете до центрите за евакуација и помогнете им. Направете нешто! Не само да седите и зборувате!

Карло Опле ја истакна улогата на медумите во ширење на свеста за поплавите:

Штом започнаа поплавите, луѓето веднаш почнаа да фотографират и да ги ставаат сликите на Фејсбук и Твитер. Нивната мрежа се прошири и мрежата на нивната мрежа споделуваше фотографии се додека не станаа вирални. Фотографиите покажуваа колку беше лоша ситуацијата.

Exit mobile version