Франција: НВО ја осудуваат приватизацијата на содржини од јавен домен

Седум европски асоцијации за слободна култура објавија соопштение изразувајќи протест против јавно-приватното партнерство помеѓу Француската Национална Библиотека (БНФ) и компанијата за бази на податоци Проквест, чија цел е да дигитализираат голем број дела што се во јавен домен (со истечени авторски права) и да ги приватизираат со право на ексклузивна комерцијализација на период од десет години. Активистот Филип Егрен ја објасни „генеологијата на оваа катастрофа“ на неговиот блог.

Забелешка: Сите линкови во постов водат до содржини на француски јазик.

Exit mobile version