„Без хумор, сите ќе сме мртви“: Карикатуристи им оддаваат почит на паднатите колеги по масакарот врз Шарли Ебдо

republique

Натписот „Ние сме Шарли“ проектиран на Плоштадот на Републиката во Париз по нападот врз Шарли Ебдо. Фотографија од Клер Улрих

Утрото на 7 јануари во една тивка улица во Париз, двајца мажи наоружани со автоматско оружје убија 12 луѓе и тешко повредија уште четворица во напад врз канцеларијата на француското списание Шарли Ебдо. Неколку години, неделникот добивал закани од екстремисти од целиот свет поради дрската и често навредлива сатира.

На еден од транспарентите на мирните протести, што спонтано започнаа низ Париз по нападот, пишуваше дека планираниот напад „убил 12 и повредил 66 милиони” граѓани. Во Франција, шокот што следеше по масакарот беше уште поголем поради фактот што четири декади, петте карикатуристи беа земани здраво за готово, како дел од француската култура исто како што се криновите во мај или Денот на Бастилја. Кабу, Волински, Шарб, Оноре и Тињуз беа „безобразните чичковци” што се шегуваа на сечива сметка. Нивниот непочит немаше граници; можеа да ги насмеат и тинејџерите и бабите и дедовците, а во исто време и да ги навредат. Секогаш претеруваа, поместувајќи ги границите на она што може да се исмее, со посебна склоност кон религиозната сатира.

Главниот уредник Шарб, чие целосно име е Стефан Шарбоние, бил под полициска заштита, а неговиот телохранител бил убиен заедно со него во нападот. Подолу стои една изјава на Шарб од 2012 што трагично ги претскажува настаните што ќе се случат:  

„Не се плашам од казна. Немам ни деца, ни жена, ни кола, ни кредит. Можеби звучи арогантно, но попрво би умрел стоејќи отколку да живеам на колена.” Сликата е широко распространета на интернет.

Блогерот @Le_M_Poireau го оплака Кабу: 

Мислам на милата душа Кабу и плачам #CharlieHebdo

Додека лажен профил на Господ го потсети светот за загубата со мала доза хумор:

Само што пречекав четворица славни карикатуристи во рајот. Тие цртаат голи и ептен ни е јако. Жал ми е за вас на земјата што ги изгубивте. 

Нема што повеќе да се каже, а за што не било веќе зборувано на широко во медиумите и на социјалните мрежи. Затоа, еве неколку од највулгарните карикатури што ги објавил Шарли Ебдо, како и неколку слики што кружат на интернет во чест на убиените карикатуристи. Како што напиша Шапат, карикатурист-сонародник Французин, во својата ин мемориам карикатура : „Без хумор, сите ќе сме мртви“. 

Неколку од контроверзните карикатури на списанието што ја имаше религијата на нишан:

Папата претерува!: „Ова е моето тело!”
Слика од Фејсбук страницата на Шарли Ебдо.

На пророкот Мухамед му е преку глава од екстремисти: „Напорно е да си обожуван од идиоти.“

-Нема Господ.
-Да!
Слика од Кабу

100 камшика ако не се смеете!
Слики од Фејсбук страницата на Шарли Ебдо.

На последната насловна страна пред нападот, Шарли Ебдо објави морничава карикатура на Шарб:

Се’ уште ни еден напад во Франција. Чекај, имаме уште цел јануари да им посакаме на луѓето прекрасна нова година.
Слика од Твитер страницата на Александр Ерву.

Еве и неколку од највпечатливите карикатури и слики што кружеа на интернет во почит за убиените. Некои од нив се направени по нападот, додека другите се постари слики пренаменети за оваа неодамнешна трагедија. 

4 карикатуристи во рајот, Мухамед и Исус се стаписани…

„Ова не е религија – Дориан Даниелсен 

#CharlieHebdo pic.twitter.com/ua2Eic4FLv

— Jean-Baptiste ✏️ (@dijibe) enero 7, 2015

Утрешната насловна страница во Франција #JeSuisCharlie pic.twitter.com/FFFJBYsYP1

— Matthew Hotton (@MatthewHotton) enero 7, 2015

Горд сум на моите бивши колеги. ТВ-редакцијата за дневни новости на СБС во Монтреал го поддржува  #CharlieHebdo

Почивајте во мир и ви благодариме за спомените. 

Exit mobile version