Со скорешното зголемување на цените во Шенџен и со постојаната девалвација на хонгкошкиот долар (HKD) наспроти јенот (RMB) , некои жители на Шенџен започнале да одат во Хонгконг за да ги купат своите секојдневни намирници. Ајде да ги споредиме разликите во цените за овие секојдневни производи помеѓу Хонгконг и Шенџен: во Шенџен, готварска сол се продава за 2 RMB по пакет, но во супермаркетите во Хонгконг по 1.1 HKD, што изнесува само 0,90 RMB; Фуџи јаболкото во Шенџен веќе оди до 12 RMB по килограм или околу 4 RMB по јаболко, но спротивно на тоа може да купите околу 4 јаболка иста големина во Хонгконг за 10 HKD. Цената на едно јајце во Шенџен веќе се искачи на 0,90 RMB, но во супермаркетот Welcome во Хонгконг 30 јајца со отприлика иста големина чинат само 23 HKD или помалку од 0,7 RMB по јајце. Десет ролни од тоалетната хартија Vinda во супермаркет во Шенџен оди до 32,50 RMB, но 28 HKD во супермаркетите во Хонгконг; 750 ml шише од шампонот Rejoice чини 39 RMB во супермаркетите во Шенџен, но во Хонгконг можете да купите две шишиња за 61 HKD…
Скоро, поради зголемените цени на производите во Шенџен, сите зеленчукови производи секаде сега чинат 9 RMB по килограм па нагоре. Многу од нас надвор од провинцијата, вработени во Шенџен, не сме во можност да извадиме дозволи за патување во Хонгконг толку лесно како локално регистрираните жители на Шенџен. Не можеме да одиме преку границата за да ги купиме потребните намирници во Хонгконг, но сепак имаме решение: нашите покриви, а и колкава штета би било да ги оставиме неискористени проветрените и просторни покриви. Со малку рачна работа и малку земја, имаме самите своја градина. Ја береме самите и наоѓаме доволно за јадење. Се додека не ни ги срушат зградите, може да се снаоѓаме со вакво одгледување.
Едно утро се разбудив рано и излегов на балконот, кога забележав нешто на сите покриви што ме опкружуваа. Го зедов двогледот и погледнав наоколу внимателно и тогаш забележав дека гледам во градини подигнати на покрив.
Градини на секој ќош; овде овој домаќин си ги наводнува своите никулци.
Овие два соседи изгледаат како да си споделуваат совети.
Секој има свое земјиште и луѓето си помагаат едни на други.
Овде саксиите се тргнати настрана и наскоро ќе бидат повторно засадени.
Тие дури користат еколошки технологии
Овие луѓе се добро подготвени, донесувајќи го целиот тој градежен материјал.