Демократија и младина: Tема на 3-тиот Светски форум за демократија во Стразбур

Третиот по ред Светски форум за демократија ќе биде отворен следната седмица во Стразбур, Франција. Овогодинешната тема за дебатите кои ќе се одржат од 3-5 ноември во седиштето на Советот на Европа ќе биде: „Од учество до влијание: Може ли младината да ја заживее демократијата?“. Различни „работилници“ ќе бидат пренесувани во живо на Твитер со хаштаг #CoE_WFD. Исто така, можете да го следите профилот на Твитер @coe на Советот на Европа и блогот посветен на таа цел. Дебатите ќе бидат организирани во различни формати и „работилници“ чиишто резултати ќе бидат претставени на 4 ноември. Предлозите кои ќе произлезат од состаноците на Светскиот форум ќе бидат интегрирани во идни проекти на Советот на Европа и неговите партнери од областа на демократијата и демократското владеење. Дополнително, од 1 до 9 ноември програмата Fringe, на различни места низ целиот град, ќе понуди бројни настани, од конференции и состаноци до филмски фестивал и уметнички изведби. Тројца претставници на Global Voices ќе присуствуваат на форумот. 

Exit mobile version