Ги нарекуваат „Буда-девојки (Buddha girls)“ (仏女- буцујо (butsujo)), јапонски дами на 30 и 40 годишна возраст, кои страсно ги посетуваат храмовите и им се восхитуваат на статуите на Буда и Бодисатва.
„Буда-девојките“ или „Девојките на статуите на Буда“ си разменуваат сугестии за најдобрите места каде да се видат дрвените идоли или изложбите на будистичка уметност низ земјата. Често тие се многу посветени на историјата или на анегдотите со монасите и светите писанија.
Фотографија од корисникот на Flickr: MR+G
микли дава едноставно објаснување за тоа што е „Девојка на статуите на Буда“ или „Буда-девојка“.
Јас бев девојка на статуите на Буда една година. Таа не наликува на статуа на Буда. Во неколку збора, таа е девојка на која и се допаѓаат статуите на Буда. Во блиска иднина, би сакала да станам Бодисатва, а не Татагата. Сè уште се грижам за мојот изглед. И од скоро почнав да ја пуштам косата да расте. Сакам да личам на бодисатва.
Неколку години меѓу моите пријатели се случуваше тренд за Буда-статуите, но којзнае дали и за другите луѓе?!!
Неодамна овој нов збор, „Девојка на статуите на Буда“ беше создаден, па претпоставувам дека е најнов тренд. Да, да речеме дека е.
Рентаросе прашува дали припаѓа на некоја категорија и дали мора да е во категоријата „Буда –девојка“, само затоа што таа ги цени обичаите поврзани со будистичката култура.
Јас сум навистина Буда -девојка… можеби
откако ќе помирисам инсенс, чувствувам мир
и откако неодамна решив да учам калиграфија,затоа што ракописот ми е ужасен, не можам да престанам да пишувам
Ох, но јас не сум експерт за Ашура статуите и слично
дури и не ги знам сите славни монаси кои често се спомнувани во учебниците
како и да е имам страст за собирање гошуин [официјално писмо кое било црвен печат на шогуните] и сакам да одам во храмовите
Сево ова во неколку збора е будизам, но значи ли можеби дека сум во религијата?
Јас не сум против, но повеќе е тренд за собирање на будистички предмети или читање на сутра, би рекла.
ништо од ова не им пречи на луѓето во храмовите, нели? Или е само добра можност да се шири зборот?
Но зошто ова име? Буцујо? или нио?
Кој измисли вакво име??!
Фотографија од корисникот на Flickr : papadont
Веб-страната Буда -девојка [јапонски], модерирана од 30-годишната, се попопуларна Хиросе Икуми (廣瀬郁実), има совети за младите следбеници на Буда, со сугестии за најдобрите храмови и статуи во земјата.
За месец октомври, одбран е храмот Даикоџи (醍醐寺) и неговата статуа на Јакуши Ниораи (薬師如来) во Кјото:
На многу места, специјалните отворања за есенската сезона веќе се почнати и храмот Даикоџи е еден од нив. Во Реихокан кој се отвора само два пати годишно за јавноста, ќе можете да го видите неверојатниот Јакуши. Кога бев студент на универзитетот, го видов само еднаш во музејот, но неговото моќно и горделиво лице ми остави силен впечаток. По повод отворањето за јавноста, конечно го сретнав по долго време и повторно сфатив дека …е навистина извонреден!