Пред и по бомбата: Интерактивна прошетка низ Нагасаки

Atomic Bomb Epicenter in 2015 - Urakami, Nagasaki

Архивата на Нагасаки, користејќи го Google Earth, направи интерактивна мапа пред и откако на 9 август 1945 година беше фрлена атомска бомба врз југозападниот град во Јапонија.

Оваа веб алатка ги прибира и организира информациите од Интернет, споредувајќи ги приказните од преживеаните на Јутјуб, на пример, точната локација каде биле овие индивидуи во Нагасаки кога бомбата била детонирана.

За да ја користите архивата на Нагасаки, потребен ви е Windows или Mac OSX 10.6 и Google Earth.

Веб страницата истотака содржи слични веб алатки кои содржат информации за атомската бомба фрлена во Хирошима, како и крвавата битка во Окинава во 1945 година, каде 150.000 цивили го изгубија животот.

 

Exit mobile version