Македонија: Најава за Прва женска хакерска вечер

Јованка Гулицоска информираше на нејзиниот блог за претстојната Прва хакерска вечер за жени, закажана за среда, 13 јули, во хаклабот КИКА во Скопје (настан на Фејсбук). Според официјалната најава, добредојдена е секоја девојка која е заинтересирана за: „слободен софтвер, GNU/Linux, но и општо технологија, компјутери, хакирање (не кракирање), мрежи, сервери, електроника, слободна култура и општество, геџети, роботи итн.“

Exit mobile version