Со таков куп на работи за дискутирање, лидерите на земјите може да разговараат, но немој да мислите дека тие може да дојдат до заклучок лесно. Само како гледиште од интернационална перспектива, вклучувањето на „прашањето за киднапирањата“ во изјавата на лидерите и осудата на нелегалните претседателски избори во Зимбабве во заедничка декларација, ги притисна засегнатите земји, а јас мислам дека ова е позитивна работа.
Прашањето со карбон диоксид, што беше важна тема овој пат, беше дискутирана вториот ден од Г-8. Г. Фукуда се надеваше дека ќе креира долгорочна цел за намалување од 50% до 2050, но со сугестијата на САД дека „дискусии без земјите кои се големи CO2 производители (Кина, Индија, Бразил итн.) се бесмислени“ по се изгледа не успеал да добие одобрување од САД, што јас мислам дека е очигледно.
Но во секој случај, потребата од мерки за намалување е иста за секоја земја, па затоа мислам дека средбата на големите CO2 производители третиот ден, седењето на иста маса, ќе биде почетно место за започнување на дискусијата.
По се изгледа се дискутираа теми за еколошките проблеми, противмерки за глобалното затоплување, растењето на цената на нафтата, кризата со храна и нуклеарниот проблем со Северна Кореја, но како обичен човек немам идеја какви влијанија ќе има сево ова.
Некои медиуми го критикуваа [состанокот], прашуваа дали тие [Г-8] ги разбрале чувствата на луѓето кои страдаат од глад додека се случуваше гозба на масите на конференцијата, каде се разговараше за кризата со храна.
Тие учествуваат за да претставуваат својата земја, па затоа јас не се грижам какви луксузни јадења тие јадат, но се надевам дека ќе го направат ова на начин со кој ќе го почитуваат достоинството на секој човек во светот.
Мировниот марш за Г-8 (од Фликер корисникот скасуга)
Блогерот мкј2 исто така пишува за гозбата на Г-8 и вели:
Јас не се жалам навистина за храната.
Од храна до обезбедување и што уште не, голема сума на даночни пари е потрошена.
Тоа само по себе е ОК.
Бидејќи лидерите од целиот свет се собираат и дискутираат различни теми.
Но.
Ве молам, во име на господ.
Со толку многу пари и време вложено во тоа, ако цените на нафтата не се намалат и цените на храната не се намалат, како тие ќе преземат одговорност [за сето ова]?
Тајоко од прозорец од хотелот Виндсор (каде се одржуваа состаноците од Г-8 самитот, од Фликер корисникот веројама)
Преку 20 000 полицајци беа мобилизирани од Шикоку до Кјуши… и глобалното затоплување како главна тема, додека факт е дека самото одржување на самитот е неповолно кон животната околината. Нели можат да ги конвергираат со активностите на ОН? Доколку се плашат од терористички напад, тогаш наместо да се соберат сите државни лидери, подобро е да имаат состанок преку Скајп. Бројот на полицајци беше поголем од 120 протестанти во демонстрациите против самитот, кој што се случи во руралните области далеку од самитот. Тоа е апсурдно.