Како технологијата им помага на луѓето да ги научат—дури и да ги зачуваат—светските јазици

Новиот Јапонско-Англиски речник на Кенкуша од Нико Китсакис (CC-SA-3.0)

Овој гостински пост е напишан од Алисон Еамер, научник за социо-лингвистика при Институтот за Технологија на Универзитетот Онтарио. Верзија од овој пост беше првично објавена на блогот на Ethnos Project.

Еден од загрозените светски јазици згаснува на секои 10 до 14 дена. Во борбата за нивно зачувување, оратори, научници и ИКТ специјалисти соработуваат да истражат како дигиталната технологија да се искористи за да се ревитализира јазикот. 

Јазиците со текот на времето стануваат ранливи и можат да изумрат бидејќи оние кои го зборуваат постепено се пренасочуваат кон користење на јазик со поголема политичка и економска моќ. Најчесто ова преминување се случува поради колонизаторски и експанзионистички агенди при што домородното население, култура, и земја ги препуштаат на градителите на империи. 

Вчудоневидувачки, некои академици не се вознемирени од она што може да се нарече „лингвистички Дарвинизам“, или преживување на најсилниот јазик. Тие можат да тврдат: Нели е полесно сите да го зборуваме истиот јазик?

Нема да елаборирам како секој јазик значи и единствен светоглед: како вокабуларот на еден јазик ги открива и вредностите на луѓето кои го говорат, како емпириското знаење е содржано во лингвистичките карактеристики, и како уметноста, себе-изразувањето, историјата, културата, економиите и идентитетот се неразделно поврзани со јазикот. Наместо тоа, ќе продолжам со пресумцијата дека, како и јас, и ти веруваш дека губењето на јазик е трагедија и дека домородните луѓе во светот имале премногу работи одземени од нив.

Минијатурен ДНФ речник од Томас Сиеницки (CC-SA-3.0)

Технологијата може да ги поврзе учителите на јазикот и содржината преку просторот и времето. Технологијата може да ги документира загрозените јазици со аудио снимки. Таа може да продуцира и дистрибуира курикулум и ресурси лесно и брзо. Може да олесни самостојно учење преку игри, cloud-based превземања и апликации. Може да поврзе учители и ученици за еднонасочно или тандемско учење на јазикот.

Напредните мислители ја искористуваат неверојатната моќ на технологијата да вратат во употреба јазици на чекор од истребување, и во ретки случаи, да „воскреснат“ јазик од мртвите.

Еве едно кратко сумирање на некои од начините на кои се користи дигиталната технологија во овие напори:

Европа

Северна Америка

Африка

Централна и Јужна Америка

Азија

Арктикот

Средниот Исток

Пацификот

За повеќе вести за технологија во корист на едукација за домородните јазици, посетете го ажурираниот со содржини веб-сајт на Алисон Еамер.

Exit mobile version