Кина: Олимписките панди сега во Пекинг

Блогерот ИстИсРед66 од Sina.com, кој по се изгледа е вработен во природниот резерват Волонг во Венчуан, Сечуан, најтешко погодената област од земјотрес кој се случи минатиот месец, од неодамна започна блог и на него објавува фотографии од осумте олимписки панди, кои некогаш живееле таму.

Овие осум панди сега се жители на Пекинг, таа пишува, откако како последица од земјотресот беа пренесени со авион во нивните нови домови во пекиншката зоолошка.

Во друг пост од минатиот месец, блогерот објавува фотографии од пандите снимени за време на земјотресот, на кои се гледа како тие се склопчени заедно од страв. Таа објавува дека две други избегале за време на земјотресот.

Exit mobile version