Помеѓу корисниците на сервисот за социјално обележување на сајтови Хатена произлезе крос-генерациска дебата за вредноста на уметност и културата општо. Дебатата започна од анонимен пост насловен: хм… Нели е чудна идејата дека ние мора да плаќаме за музика?, кој натера многу блогери да се запрашаат за потребата да се плаќа за нешто што се смета за уметнички продукт (песна, слика, видео итн.), особено сега кога бесплатните сервиси како Youtube или јапонскиот Niko Niko Dōga се достапни.
Хм. Нели е чудна идејата дека ние мора да плаќаме за музика?
Сепак, се што треба да направите е да погледнете на Niko Niko Dōga или Youtube за да видите дека има луѓе кои споделуваат оригинални песни бесплатно. И ги има толку многу што не можам да сфатам зошто го прават тоа.
Иако за многумина „бесплатната музика” е во ред, нели е чудно тоа што продавниците и ТВ програмите многу често ги тераат луѓето да платат за да слушаат музика?
Па, секако некој ќе рече „[доколку не им се плати] музичарите не може да заработат за живеачка“. […]
Но, напротив, нели концептот „живеачка од музика” е исклучок досега?
Оставајќи ја на страна идеализацијата, самата идеја за заработка од музиката е чудна фундаментално.
iPod Shuffle 512MB. Од flickr корисникот purprin.
Овие зборови поттикнаа негодување од друг анонимен блогер , кој изгледа припаѓа на постара генерација и сѐ уште верува во идеалот „уметност за уметност“.
Откако го прочитав [постот погоре], ја прашав мојата ќерка, која е средношколец, што таа мисли за тоа и кога слушнав дека таа комплетно се согласува [со блогерот] помислив дека работите се навистина лоши.
Се обидов да и објаснам дека „не, тоа не е правилно!“, но таа изгледа не разбираше.
Се обидов со неколку примери да ги олеснам моите контра аргументи [за разбирање], но ништо не помогна.
– „Балет, кабуки, театар, опера итн., што со нив?–> Не ми е гајле, не ми требаат“.
– „Но, на овој начин, уметничките и културните изразувања ќе исчезнат… –> Каде е проблемот ако се случи тоа?“
Тоа беа нејзините одговори.
Па си помислив, ако младите генерации кои ја претставуваат иднината мислат исто, крајот на Јапонија навистина е дојден.
Дури и да не создаваат некаква култура, тие се оние кои ќе ја уништат.
Причината е дека „работите мора да бидат корисни“, дека „гледањето [уметност] не значи многу“.
Зошто би биле желни да платат за уметност?
Нема сомневање дека рецензијата си носи свои негативни последици, но постои ризикот дека верувањето дека „поради лошата економија очигледно е дека културата ќе исчезне“ ќе стане општо прифатено.
Балет, кабуки, театар, опера и сите други форми на уметност не може да бидат разбрани од широката јавност, чии грижи најчесто се состојат од секојдневен опстанок и евентуалната реорганизација на нивните компании [и нивно отпуштање].
Но во ред е дури и да не разбираат; „културата“ сепак нема да исчезне.
Во древните времиња како и денес, бесплатно или за мали суми, било и ќе биде возможно да се слуша музика и да се воодушевуваш на слики, да уживаш и купиш „културни работи“.
Луѓето кои навистина сакаат да видат квалитетни работи ќе платат за тоа.
За крај, блогерот he-na-he-na се прашува дали влошувањето на економската ситуација ќе создаде културен јаз, покрај социјалниот, кој веќе е доста застапен во повеќето земји.
[Земајќи ги во обѕир зборовите на вториот блогер] Јас мислам дека во иднина може да се појави нов јаз, помеѓу оние кои сакаат да го подигнат нивното културно ниво, дури тоа и да значи да платат за тоа, и помеѓу оние кои ќе го изберат полесниот начин и нема да платат.
Во иднина, ако искочи оние кои го игнорираат нивниот интерес во купување на работи да станат лидери во политиката, економијата и културата – „нео-богатата класа и нео-интелектуалната класа“ – ние ќе го оставиме ова со коментарот „ова е трендот“. На крај оние кои плаќаат ќе бидат сметани за ексцентрични.
[…]
Меѓутоа, доколку, како што бил случајот во минатото, духовните лидери станат оние кои мислат дека „богатите треба да бидат оние кои ќе плаќаат и ќе бидат активни во образованието и културата“, напротив оние кои не плаќаат може да станат еретици кои не ги следат трендовите. Јас ќе бидам изненаден ако тие се гледаат со презир, ако се третираат како да припаѓаат на пониско ниво на интелектуалната класа.
Во секој случај, со ширењето на интернетот, сега кога моменталната состојба на културата и авторските права станаа две важни теми, убеден сум дека сме дојдени до пресвртница кога еден од двата тренда ќе надвладее.