Денот на вљубените (14 февруари) е ден за љубов, пријателство и дружење. Дали постои подобар начин да се одбележи пригодата од тоа да научите некој што го сакате да блогира или микро-блогира?
Доколку придонесувате за Глобал Војсис или сте негов читател, знаете дека блогирањето носи радост, среќа и многу нови пријатели. Блогерите од нашата заедница веќе се заложија дека ќе ги научат своите пријатели и сакани и ќе пишуваат за тоа на нивните блогови на Валентајн. Може да се приклучите и вие…
Би сакале да ве поканиме да ни се приклучите во овој мем (брзо ширење на оваа информација).
Помислете за момент на луѓето во вашиот живот. Споделете го овој подарок со вашата фамилија, пријатели, читатели и сакани – и кажете ни како помина!
Љубовта е комуникација
Еве четири едноставни чекори како да ни се приклучите за Валентајн:
Еве неколку фотографии со кои може да го украсите вашиот пост: мала | средна | голема
Споделете ја љубовта
Во земјите во развој, ние помогнавме со финансирање на неколку работилници за блогирање и проекти преку Рајзинг Војсис. Наскоро ќе ги најавиме новите проекти, заедно со иницијативата за поттикнување повеќе блогови за ХИВ/СИДА. На Глобал Војсис Адвокаси ја следиме работата на блогери кои се борат со цензура и кои се организираат со други онлајн активисти за слобода на говор.
Сите ние можеме да им помогнеме на луѓето да ги совладаат бариерите (техничките и слично) кои ги спречуваат да се приклучат во оваа секојдневна онлајн медиумска револуција. Помогнете да се прекине дигиталниот јаз во вашиот круг на пријатели или заедница.
Водичи за блогирање и микро-блогирање
Откако ќе им го привлечете вниманието, можете да го погледнете водичот на Глобал Војсис Адвокаси: Блогирај за кауза (Blog For a Cause).
Овие видеа од Common Craft може да ви помогнат да објасните како функционира се:
Блогирање:
Tweeter:
Среќен Ден на вљубените – Ве сакаме > Споделете ја љубовта > Пренесете ја >>>>**** Бакнежи од социјалните медиуми #SMK #SMK #SMK