Про-демократските протести „Occupy Central“ во Хонг Конг низ фотографии

Pro-democracy protesters in central Hong Kong on October 1, 2014. Photo by Flickr user Mario Madrona. CC BY-NC-SA 2.0

Про-демократски демостранти во централен Хонг Конг на 1ви октомври, 2014. Фотографија од корисникиот на Фликр, Марио Мадрона. CC BY-NC-SA 2.0

Мирните протести кои бараат слободни избори во Хонг Конг влегоа во нивниот шести ден.

Народот во Хонг Конг бара од Пекинг да им дозволи самите да ги номинираат кандидатите за градоначалник во следните избори. Кина изјави дека ќе дозволи на Хонг Конг, кој претставува специјален административен регион кој ужива одредена автономија од копното, директно гласање за првпат во 2017, но изгласа и дека про-пекингшки одбор ќе ги номинира кандидатите за кои ќе може да се даде гласот.

Демонстрантите исто така бараат од сегашниот генерален директор Ц.Ј Леунг, кој одбива да се повлече, но се согласи да одржува говори заедно со движењето, да даде оставка. 

Occupy Central, како што се нарекува мирниот протест со илјадници учесници во Хонг Конг, приреди импресивна претстава на моќ. Снимка од беспилотно летало, контролирано од Storyful, прикажуваат колку се навистина масовни протестите на 29ти септември:

Масовниот протест успеа да одолее на досегашните полициски обиди за растерување со користење на солзавец, спреј за заслепување и пендреци. Демонстрантите користеа чадори за да се заштитат себеси од овие агресивни мерки, што наведе некои да го наречат движењето „револуцијата на чадорите“ или „издигнувањето на чадорите“.

Погледнете ги фотографиите подолу за подобар увид на ситуацијата во Occupy Central. 

Демонстрантите врзуваат жолти ленти на рацете на доброволци за време на протестите во Заливот Козвеј на 1ви октомври, 2014. Фотографија на Guillaume PAYEN. Издавачки права Demotix

Демонстранти кај Централните канцеларии на Владата во Хонг Конг користат целофан и хируршки маски да се заштитат себеси од употребата на солзавец на 27ми септември, 2014. Фотографија на Роберт Годен. Издавачки права Demotix

Демонстрантите одржаа седенка пред владините штабови на 27ми септември во Адмиралти, барајќи Ц.Ј Леунг, генералниот директор на Хонг Конг, да се сретне со нив за дијалог. Фотографија на П Х Јанг. Издавачки права Demotix

Демонстранти во Хонг Конг стојат заедно откако полицијата почна со користење на солзавец на 28ми септември. Фотографија на П Х Јанг. Издавачки права Demotix

Барикада со значење, Заливот Козвеј, Хонг Конг. 29ти септември, 2014. Фотографија на Пит Вокер. Издавачки права Demotix

Плакати на разни јазици кои поддржуваат демократија изложени во Хонг Конг на 1ви октомври, 2014. Фотографија од корисникот на Фликер Марио Мадрона. CC BY-NC-SA 2.0

Демонстрант држи плакат на „граѓанска непослушност“ пред линија од полиција за спречување на безредија на 27ми септември, 2014 како дел од Occupy Central протестите пред владините штабови во Адмиралти, Хонг Конг. Фотографија на П Х Јанг. Издавачки права Demotix


Наречени најучтивите демонстранти, учесниците во протестите во Хонг Конг поставија станици за рециклажа за да ги одржат чисти локациите на протестите. Фотографија на Пит Вокер. Издавачки права Demotix



Следете ја нашата детална репортажа: Револуцијата на чадорите во Хонг Конг

Exit mobile version