Во чест на славењето на претстојната 60 годишнина од формирањето на Народна Република Кина на 1 октомври, најдобрата епопеја „Основањето на Републиката“ ќе се прикажува утре, на 17-ти септември. Филмот предизвика една жешка дискусија на интернет – не за самиот филм, туку за националноста на ѕвездите во филмот.
Некои извештаи во месец август покажуваат дека од 172 познати актери/актерки и режисери кои се инволвирани во филмот, 21 од нив се со странска национална припадност.
Познат кинески писател Хан Хан (韩寒) го дискутира ова на неговиот блог :
我认为,一个国家,能让这么多艺人转变国籍,这个国家一定是有他的责任的。
Моето лично мислење е дека ако земјата предизвика толку многу актери да ја сменат нивната националност, оваа земја треба да сноси одредени обврски.
Тоа е нивен личен избор да ја сменат нивната националност. Ова е како развод: по се изгледа дека нивната наклонетост кон земјата некако исчезнала или пак тие нашле нешто подобро. Можеме да ги критикуваме од морален аспект, но нема ништо лошо со нивниот личен избор.
За нормален кинески граѓанин, тое е, за тие кои неможат да си дозволат да се хранат добро, да живеат добро, да се забавуваат, добро да се дружат, да раѓаат деца, да се разболат или да умрат, главниот заклучок е дека тие неможат да си дозволат да емигрираат. Заради тоа, гледајќи ги сите овие актери како бегаат од земјата, нормално за нив е да бидат завидливи.
Овој блог продуцираше многубројни збунувачки одговори. Некои од нив беа доста критички:
徐然 2009-08-12 04:56:26: 既然是外国人为什么不在外国发展,跑到中国来碍眼
Ако се тие странски државјани, зашто не ја развиваат нивната кариера во прекуморските држави, наместо во Кина.
Оваа листа ги засега само артистите. Ако ги вклучиме научниците итн., резултатот може да биде изненадувачки. Да речеме ако бизнисмените сакаат да бидат странски државјани, мислам дека би го сториле тоа, ако имаат можности.
Фактот дека странски државјани може да земат учество во филмот, покажува дека администраторите немаат основни принципи и достоинство. Како резултат на ова, на Кина се гледа со други очи.
Има исто и варијации од алтернативнии, понекогаш подсмејувачки гледишта:
Ѕвезди што глумат со странско државјанство во кинески филмови, а посебно во „Основањето на Републиката“, направија напори за да го направат овој филм за нас, ние, Кинезите, треба да им се заблагодариме за нивната напорна работа.
Немојте да бидете премногу екстремни. Да се има странско државјанство за нашата земја е предадство. Тие се враќаат да прават филм за Кина, да ја претстават Кина на интернационален филмски фестивал. Тие доспринесуваат за Кина…
飞翔 2009-09-03 12:57:59: 不是不爱这个国家,只是不爱这个制度!
Не дека не ја сакаме нашата земја, туку не го сакаме нејзиниот систем!
Немаме право да ги критикуваме другите. Секој си има право на свој избор. Да се има странска национална припадност, не значи дека не ја сакаат кинеската раса.