Фотографии: Рекордно големи поплави во главниот град на Филипините

Тропската бура Маринг (меѓународно име Трами) предизвика рекордно големи поплави во Метро Манила и во блиските провинции на Филипините, и остави 8 мртви, 41 повредени и 4 исчезнати.

Според владиниот извештај, 125.348 фамилии (602.442 лица) биле погодени од бурата. Од вечерта на 20 август, 40.837 лица се се уште засолнети во 198 центри за евакуација. Поради поплавата 65 главни патишта се непроодни. Околу 415 области во 68 општини/градови забележаа поплави. Вкупно 162 летови  (59 меѓународни и 103 домашни) се откажани поради бурата.

Филипинците го користеа хаштагот #maringPH и #floodPH за да ја надгледуваат ситуацијата со поплавата во Манила и блиските региони. Подолу се некои фотографии од Твитер и Фејсбук кои го покажуваат степенот на катастрофа од поплавата.

Фотографија од World Vision

Поплавено село јужно од Манила. Фотографија на @erwinlouis

Поплава во Марикина, источно од Манила. Фотографија од страницата на Фејсбук на Prospero De Vera

Фотографија од YouScooper Jefferson Levie, од страницата на Фејсбук на GMA News

Поплавен универзитет во Манила. Фотографија на Salina Teo, од страницата на Фејсбук на TomasinoWeb!

Поплава до колена во Манила. Фотографија на Jam Sisante

Поплава во близина на главната бизнис област во земјата. Фотографија на @siao88

Поплава во близина на градското собрание во Манила. Фотографија на Manila Bulletin

Поплава во Гуагуа, северно од Манила. Фотографија од страницата на Фејсбук на The College Mirror

Поплава во стариот центар на Манила. Фотографија на Philippine Star

Поплава во Макати, централната бизнис населба во земјата. Фотографија на Ryan Chua

Exit mobile version