Еден пример е граѓанското видео од Ел Салвадор, каде група од загрижени соседи на потокот Гарабо го снимаат недостатокот од постапки после легално овластување да се поправи штетата направена на потокот, откако г. Орландо де Сола Врајт фрли остатоци од разурнувања во потокот, што предизвика да се наполни со материјали и подоцна да ги поплави заедниците во близина. Иако Салвадорската шеста казнена порота нареди да се отстрани отпадот и да се намали текот на потокот од страна на градителите, оваа пресуда сѐ уште не е спроведена од моментот кога е поставено видеото, во декември 2007.
Исто така, Кинескиот зелен удар зелен брат ни носи хумористична акција од јавниот транспорт во Пекинг, со совети за адекватно однесување во автобусите, искористување на предностите на гужвите во метрото за наоѓање девојка, предностите (и негативностите) за здравјето од возењето велосипед и зошто зеленото е начинот кој треба да се преферира кога станува збор за транспортот.