- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Русија: „Вистинското богохулие“ – Славој Жижек за Пуси рајот

Категории: Западна Европа, Источна и Централна Европа, Босна и Херцеговина, Грција, Италија, Македонија, Русија, Словенија, Србија, Граѓански медиуми, Идеи, Политика, Религија, Слобода на говор, Уметност и култура, Човекови права, Рунет Ехо

Рускиот колектив „Што да се прави?“ објави есеј на англиски [1] од словенечкиот филозоф Славој Жижек [2], кој смета дека Пуси рајот „се концептуални уметници во најблагородната смисла на зборот: уметници кои отелотворуваат Идеја“ и се борат против цинизмот на моќниците кои настојуваат да ја вратат Русија на ниво на царизмот, кое Лав Троцки [3] во 1905 г. го опишал како „злонамерна комбинација од азискиот камшик и европската берза“. Текстот е преведен на различни јазици (en [4], ru [5] – на средина на страницата, it [6], sr [7], sr [8], mk [9], gr [10]) и пренесен од блогери и прогресивни портали од разни делови на Европа.