- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Сирија: Телевизиско „признание“ на активистот Али Махмуд Отман

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Сирија, Војни и конфликти, Граѓански медиуми, Медиуми и новинарство, Слобода на говор, Човекови права

Оваа статија е дел од нашaтa специјална репортажа Протести во Сирија 2011/12. [1]

На 28-ми март 2012 година беше уапсен [2] видео активистот Али Махмуд Отман [3], одговорен за прес-службата на Баба Амр во Хомс. Неговите колеги активисти веруваат дека бил сурово измачуван [4] откако бил уапсен. На 25-ти април, сириската државна телевизија објави ексклузивно интервју од Отман.

На видеото емитувано на државната телевизија Адоунија, е прикажан Али, најпрвин во неговата ќелија, а потоа се гледа како излегува за да разговара со водителот на интервјуто, Рафик Лутиф, додека во позадина се слуша драматична музика и стои насловот „Останете со нас… Внатре во Баба Амр“ (областа од Хомс која беше нападната од силите на режимот). Во Сирија затворениците често ги присилуваат да се „исповедаат“ со цел другите да ги спречат да се приклучат на опозицијата.

Видеото, кое може да се најде на Фејсбук [5] и на Јутјуб [6], говори само за себе:

http://youtu.be/c6YRba6VlLo [7]

Отман, помеѓу пријателите познат и како „Ал Џед“ (Дедото), бил продавач на зеленчук и уште од почетокот на бунтот во Сирија, го документирал немирот во Хомс. Тој им помагал на луѓето кои известувале за конфликтите во Баба Амр, ги евакуирал меѓународните новинари [4] надвор од соседството. Дури и откако сириската војска повторно го окупирала соседството, тој одлучил да остане во Баба Амр.

[8]

Али Махмуд Отман во Баба Амр, Хомс. Сликата е преземена од: Baba Amro News

„Он-лајн протест“ [9] со слоган „Сите ние сме херојскиот активист Али Махмуд Отман“ е закажан за сабота, 28-ми април во 9:00 часот (по сириско време). Според Фејсбук страницата на Baba Amro News [10]

Сириските медиуми го искористија Али и им пренесоа на луѓето да останат покрај малите екрани бидејќи ќе им ги откријат „тајните на Баба Амр“. Ние знаеме како изгледаше Али, јасно е дека лошо се однесувале кон него и дека бил измачуван. И сега нема да го сослушуваат во суд, не, ќе го покажуваат на телевизија.

Шпанската новинарка Моника Г. Прието на Твитер напиша:

@monicagprieto [11]: Patético. A Al Jed, jefe del equipo d periodistas ciudadanos de #BabaAmr, le obligan a ‘confesar’ sus crímenes en TV

@monicagprieto [11]: Патетично. Ал Џед, главата на граѓанскиот новинарски тим на #BabaAmr, е принуден да ги „признае“ своите злочини на телевизија.

На некои интернет корисници им олесна кога слушнаа дека Осман е жив бидејќи се уште нема вести за другите кои се притворени. Free Syrian напиша на Твитер:

@HamaEcho [12]: Активистите Ноура ал-Џизави и Али Отман се се уште уапсени, но сега барем знаеме дека Али е жив. Двајца турски новинари се уште се водат како исчезнати.

Преку оваа он-лајн петиција [13], интернет корисниците продолжуваат да бараат Отман да се ослободи.

Оваа статија е дел од нашата специјална репортажа Протести во Сирија 2011/12. [1]