- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Што правеа читателите на „Глобал војсис“ минатата седмица?

Категории: Западна Европа, Источна Азија, Источна и Централна Европа, Јужна Азија, Кариби, Латинска Америка, Океанија, Северна Америка, Среден Исток и Западна Африка, Супсахарска Африка, Централна Азија и Кавказ, Граѓански медиуми
[1]

„Читајте!” слика од корисникот на „Фликр“ carnagenyc. CC BY-NC 2.0

Во „Глобал војсис“ нашата заедница истражува, пишува, уредува и преведува приказни со цел да ги поддржи човековите права и да гради мостови на разбирање низ земјите, културите и јазиците.

Ние не објавуваме само за да привлечеме внимание или за да следиме тренд на вести. Ние, всушност сакаме да следиме како нашата макотрпна работа влијае низ светот.

За таа цел, една корисна метрика е како читателите реагираат на нашите приказни и преводи. Па ајде да видиме, кои биле нашите читатели и што им го привлекло вниманието за време на седмицата од 5-11 февруари 2018 година.

Каде низ светот се чита „Глобал војсис“?

Минатата седмица, нашите приказни и преводи привлекоа читатели од 195 држави! Првите 20 држави претставени низ сите сајтови на „Глобал војсис“ беа:

Топ 20-те држави по читање за време на седмицата од 5-11 февруари 2018 година. Модификувана верзија на мапа од Роук. CC-BY-SA 3.0

  1. Соединетите Американски Држави
  2. Канада
  3. Јапонија
  4. Mексико
  5. Бразил
  6. Франција
  7. Обединетото Кралство
  8. Шпанија
  9. Колумбија
  10. Филипини
  11. Индија
  12. Италија
  13. Германија
  14. Русија
  15. Тајван
  16. Бангладеш
  17. Индонезија
  18. Aргентина
  19. Перу
  20. Maдагаскар

 „Глобал војсис“ на англиски јазик

Најголемиот дел од оригиналната содржина на „Глобал војсис“ прво се објавува на страницата на англиски јазик. Топ 5 најчитани приказни од минатата седмица беа:

  1. Tринидад и Тобаго конечно го добија своето ‘Стјупс’ емоџи [2]
  2. Додека светот го слави денот посветен на Боб Марли, регето се менува заедно со своите фанови [3]
  3. Како „Епл“ го трасира патот кон ‘Диктатурата во облак’ во Кина [4]
  4. Истрага на ФБИ помага да се открие најновиот скандал со поткуп во Грција [5]
  5. Забраната на владата за контроверзниот американски проповедник беше поздравена од сите, не само од јамајканската ЛГБТ заедница  [6]

„Глобал војсис – Лингва“

Лингва е проект кој преведува статии од „Глобал војсис“ на други јазици, не само на англиски јазик. Има околу 30 активни Лингва страници. Подолу е минатонеделната најчитана статија или превод на секоја активна страница.

 

Aрапски

Aјмарски

Бангладешки

Кинески (поедноставен)

Кинески (традиционален)

Чешки

Холандски

Есперанто

Персиски

Француски

Германски

Грчки

Хинди

Унгарски

Индонезиски

Италијански

Јапонски

Kорејски

Kурдски

Македонски

Mалгашки

Непалски

Полски

Португалски

Романски

Руски

Шпански

Свахили

Турски

Урду