5 септември 2012

Написи од 5 септември 2012

Мексико: Учење од македонски искуства

Мексиканскиот блогер Пепе Флорес пишува (на шпански) дека македонската платформа за пријавување насилство против жените на јавни простори  Реагирај! е „фантастична идеја“, која треба да се примени во Латинска Америка.

Бугарија: Независни новинари бараат интервенција на ЕУ

  5 септември 2012

Група бугарски НВО и новинари објавија отворено писмо (на бугарски и англиски) до Неле Крос, потпретседателката на Европската Комисија, барајќи јавна средба бидејќи „ситуацијата со медиуми во Бугарија не е закана само за бугарското општество, туку и за ЕУ како целина“.

Македонија, Бугарија: Корисниците на социјални медиуми открија фалсификат

Една интервенција за проверка на факти, заеднички напор на македонски и бугарски корисници на социјални медиуми, им помогна на независни новинари да разоткријат фалсификувани документи користени како мамка за сомнителна иницијатива за прибирање хуманитарни донации.