август, 2010

Написи од август, 2010

Никарагва: 2.0 Средба за блогови и нови медиуми во Манагва

  10 август 2010

На 12 и 13 август ќе се одржи 2.0 Средба за блогови и нови медиуми (2.0 Encuentro de Blogs & Nuevos Medios) во Манагва, со учество на експерти по комуникација и нови медиуми, од различни земји во регионот, вклучувајќи и некои од авторите на Глобал војсис.

Македонија: Проклетството на „двопартискиот“ политички систем

Искусни македонски блогери го искажуваат широко прифатеното мислење меѓу нивните сограѓани кои не се приврзаници на политички партии дека се чувствуваат заробени во систем без независни алтернативи.

Србија: Проект за дигитални училишта

Даница Радованович пишува за Дигиталните училишта, проект финансиран од државата кој ќе овозможи оформување на дигитални училници во основните училишта на Србија и ги разгледува проблемите кои треба да се надминат за проектот да биде успешен.

Хаити: Раселените жени и девојки жртви на полово насилство

  9 август 2010

По разорниот земјотрес на Хаити, жените и девојките се уште се соочуваат со полово насилство. Некои од нив не само што се силувани туку се соочуваат со отсуство на правен систем и помалку од соодветна медицинска нега.

Србија: Новинар нападнат во јавен превоз

Теофил Панчиќ, добро познат новинар од неделникот Време (“Time”), беше претепан во автобус за јавен превоз (бр.83) во Земун, една од белградските општини, во саботата на 24 јули. Според Време, Панчиќ бил нападнат од двајца луѓе кои го претепале со метални шипки. Тој бил примен во болница каде што лекарите...

Глобално: Mozilla Drumbeat бара проширување на отворената мрежа

  5 август 2010

Фондацијата Мозила, основач на интернет прелистувачот Фајрфокс, го лансираше Drumbeat, проект чија цел е да собере луѓе со различни искуства од целиот свет, кои заедно ќе осмислат проекти со цел промоција на отвореноста на вебот.

Русија: Заедничко помагање на жртвите од пожарите

[Овој пост беше оригинално објавен на блогот на Ushahidi. Ushahidi е алатка со отворен код наменета за мапирање, која е развиена во Кенија за време на кризите во 2008 и од тогаш се користи насекаде во светот за придонес од страна на корисниците (crowdsourcing).] Од минатата недела, заедно со нов...

Видео натпревар: Интернетот за мир

Интернетот е номиниран за Нобелова награда за мир за 2010 година. Како дел од дебатата за придонесот на интернетот врз нашето општество, Condé Nast и Google Ирска се здружија за да го организираат овој видео натпревар, каде победникот ќе има можност да патува и неговото видео ќе биде прикажувано на...