2 април 2008

Написи од 2 април 2008

Колумбија: Блогери собираат потписи за петицијата за авторски права и индустриска сопственост

  2 април 2008

Каролина Ботеро, адвокат и промотор на Криејтив комонс за Колумбија бараше од блогерите и сите други што имаат пристап до компјутер и интерес за она што се нарекува „права на интелектуална сопственост“ да потпишат отворено писмо што ќе се испрати до КОНПЕС - Националниот совет за општествена и економска политика, а против нацрт-законот што претходно им го испратил Одделот за национално планирање, во кој новите модели на споделување на знаењето кои овозможуваат алтернативи на традиционалните политики за „заштита и примена“ се целосно игнорирани.