март, 2008

Написи од март, 2008

Светскиот ден на водата жубори низ видеозаписите

Откако се одржа Конференцијата на ОН за животна средина и развој во Рио де Жанеиро на 22 март 1992 г., тој ден секоја година се одбележува како Светски ден на водата. Освен тоа, Обединетите нации ја прогласија оваа година за Меѓународна година на чистотата и луѓето од целиот свет започнаа...

Јордан: Затвор за пет јордански новинари

Пет јордански новинари беа осудени на три месеци затвор, во два посебни случаи, поради кршење на законот во нивната земја. Јорданските блогери се изјаснуваат против овој последен напад на слободата на изразувањето.

Шри Ланка: Сеќавања на Артур Кларк

Смртта на Артур Кларк (1917 – 2008) поттикна многу луѓе, од ентузијастички љубители на научна фантастика, до оние кои знаеле за него, да блогираат свои впечатоци. Од краток поглед, до случаен разговор, многу блогери од Шри Ланка споделуваат пријатни сеќавања за Кларк, кој го сметаат за визионер и футурист. Британскиот...

Добредојде во Лингва фамилијата за македонскиот, албанскиот и германскиот јазик

18 март 2008

Глобал Војсис Лингва со задоволство ви го најавува официјалниот старт на македонскиот, албанскиот и германскиот јазик. Со ова се започнува ново поглавје. Од отпочнувањето на Лингва, успеавме да собереме огромна група на уредници-ентузијасти и волонтери кои ќе ја преведат својата пасија во зборови. Поради нивните драгоцени напори, Глобал Војсис е...

Авганистан: Денот на жената во земјата на немирите

Осми март е меѓународниот ден на жената, глобалното славење на неопеаните херои благодарение на кои функционира општеството. Авганистанските блогери забележаа дека се одвива битка за права на жените, но долгата битка тие всушност ја сместија во еден историски контекст. Мохамед Каири се жали: Во мојата земја, Авганистан, жените отсекогаш марширале...

Бермуди: Слобода на пристап до информации

Кога станува збор за слобода на пристап до информации во Бермуди, Вексед Бермохес вели: „Извинете, но прес конференциите полни со извртени, манипулирани статистики и заобиколување на суштината не соодветствува со транспарентна влада“

Македонија: Промена на името за влез во НАТО, ЕУ?

  17 март 2008

Уште откако Македонија прогласи независност од Југославија во 1991, нејзиното име е причина за горчлива расправија со нејзиниот јужен сосед, Грција. Грција тврди дека користењето на името „Република Македонија“, како што Македонија се нарекува во својот устав, не само што го нарушува грчката историско и културно право на името, туку...

Иран: Уште 9 магазини забранети

Иранските органи, вчера, забранија уште 9 магазини. Зеневешт вели [Fa] дека тие (надлежните органи) ја имаат моќта и дека се против тие работи (медиумите). Блогерот пишува: „ Баш пред некој ден, читав интересен натпис за пејачот Леонард Коен (Leonard Cohen) во Хафат, еден од забранетите магазини.“

Најава за самитот на Глобај Војсис

17 март 2008

Придружете ни се во Будимпешта, Унгарија на 27-28 Јуни на самитот на Глобал Војсис за Граѓански Медиуми 2008! Самитот е поддржан од фондацијата фондацијата МекКормик Трибун, Беркман центарот за интернет и општество и МедиаУнгарија. Овој настан ќе ги собере членовите на граѓанските медиумски проекти на Глобал Војсис, како и пошироката заедница со разновидна група од блогери, активисти, новинари и други луѓе од светот.