· август, 2011

Написи за Среден Исток и Западна Африка од август, 2011

Тунис: Време е да се пријавиш за избори

  11 август 2011

Овој напис е дел од специјалното покривање на Револуцијата во Тунис 2011 година. Пријавувањето за изборните списоци во Тунис започна на 11 јули 2011 година и ќе трае до 2 август. Но, статистиките покажаа дека Тунижаните одбиваат да се регистрираат за изборните списоци. Токму затоа група на туниски блогери започнаа со...

Иран: Бес против предисламските статуи

  10 август 2011

Изгледа дека дури ни статуите не се безбедни во Иран. Зад кражбата на неколку бронзени статуи од ирански национални херои од јавните места изгледа се кријат религиски мотиви. Во Сари, кој се наоѓа на север во државата, властите наредија уништување на 16 бронзени статуи кои го опишуваат иранскиот митолошки херој и...

Сирија: Блогерите се организираат за Анас Марави

  9 август 2011

Анас Марави е последен случај на затворање на сириски блогер. Тој е притворен во петокот, 1 јули 2011 година, во неговото соседство во Кафарсузех, Дамаск и оттогаш за него се нема слушнато ништо. Анас е многу познат блогер во Сирија, но и пошироко. Освен неговиот личен блог, Анас Онлајн, тој раководи...

Сирија: Револуцијата и економијата

  9 август 2011

Овој напис е дел од специјалното покривање на Протестите во Сирија 2011 година. Во петок на 24 јуни 2011 година, Сирија одбележа 100 дена од почетокот на протестите во државата. Петочните протести речиси станаа ритуал. Но, постои и друга страна од приказната. Економијата во државата е замрзната веќе сто дена. Трговијата...

Бахреин: Режимот и опозицијата започнаа национален дијалог

  9 август 2011

Овој напис е дел од специјалното покривање на Протестите во Бахреин 2011 година. Од почетокот на протестите во Бахреин на 14 февруари 2011 година, идејата за започнување на дијалог меѓу опозицијата и режимот постојано беше дискутирана. Голем број на луѓе одбија каква било дебата, сметајќи ја како бескорисна и несоодветна...

Иран: Зелени, демократизација и демонот во стареење

  8 август 2011

Две години откако избувнаа протестите во Иран, интернетот не само што игра витална улога за ширење на информациите, туку и поттикнува внатрешна демократија во работата на опозицијата преку контрола и израмнување на сметки. Се чини дека најголемиот демон со кој се соочуваат дисидентите во Иран не е филтрирањето, туку стареењето...

Мароко: Продолжуваат протестите против реформите

  8 август 2011

Овој напис е дел од специјалното покривање на Мароканските протести 2011. Во петокот, Мароко гласаше на референдум за нацрт-Уставот предложен од кралот Мохамед VI. Официјалните резултатите покажуваат убедлива поддршка за реформите, со повеќе од 98 проценти од гласачите кои се изјасниле во корист на реформите. Демонстрантите за демократија повикуваа на...

Мароко: Нов Устав без многу промени

  8 август 2011

Ова е објава е дел од специјалното покривање на Мароканските протести 2011. Денес Мароканците излегоа да гласаат за реформите во новиот Устав предложен од кралот Мохамед VI. Иако е пофален од многу аналитичари и монархисти, сепак на хартија реформите не ги оправдаа очекувањата на политичарите и активистите кои бараа вистинска...

Турција: Реакции на Твитер за денот на изборите

  5 август 2011

Турција ги одржа своите избори за 550 места во Големото национално собрание. Ова се некои од реакциите на интернет, откако се објавени првите резултати. Мароканскиот адвокат, Ибн Кафка, ги ажурира на Твитер информациите од турските избори целиот ден. Тој забележува: Курдските кандидати мораа да се натпреваруваат како независни за да...

Сирија:Опозицијата подготвува декларација во Анталија

  4 август 2011

Овој напис е дел од нашето специјално покривање на Протестите во Сирија 2011. Само еден ден откако претседателот, Башар Асад, објави општо амнестирање за затворените политичари, група членови на опозицијата во Сирија се собра за да направи, како еден известува, таканаречена „мапа“ за мирна и демократска транзиција во Сирија. Групата...