· август, 2008

Написи за Среден Исток и Западна Африка од август, 2008

Мароко: Развивање на Моливуд

  9 август 2008

Мароко веќе долго време е мека за странските филмаџии. Легендарни филмови како Последното Христово Искушение и Лоренс од Арабија, како и поскорешни филмови како Апсење и Падна Црниот Сокол го користат Мароко како позадина. Други филмови, како Бабел, користат повеќе од земјописот на Мароко и се фокусираат и на културата...

Арабија: Дали мажите Арапи-Американци се губитници?

  6 август 2008

„Дали мажите Арапи-Американци навистина се губитници“ се прашува Асом, млада Арабјанка-Американка – или родителите на потенцијалните невести не се во контакт со реалноста кога доаѓа време за избор на соодветен зет? Според Асом: Многу возрасни ги сметаат неколкуте момчиња од мојата мала заедница за претставници на Арапите-Американци од САД и...

Палестина: Нема мир за Ахмед Муса ни во животот ни во смртта

  5 август 2008

Илјадници ожалостени чекаа на погребот на Ахмед Муса, момчето кое го убија израелските војници на почетокот на неделава за време на протест во Нилин. Меѓутоа, не беше судено момчето да има мирен закоп и пред да заврши денот, падна уште една човечка жртва. Џилијан Јорк прави преглед на блогосферата во потрага по реакции.

Саудиска Арабија: Забрана за мачки и кучиња

  4 август 2008

Оваа недела во Ријад, главниот град на Саудиска Арабија, беше објавена забрана за продавање на мачки и кучиња како домашни миленици или нивното шетање во јавност, бидејќи некој маж ги користел за заведување на жени. Блогерите од кралството, како и оние од надвор, реагираа вчудоневидени. Врвот на Комисијата за промоција...