Написи за Среден Исток и Западна Африка од јули, 2010
Палестина: Работилници ги инспирираа блогерите во Газа и на Западниот брег
Неодамна, директорот на Програмата за поддршка на Глобал Воисес, Сами Бен Гарбиа, реализира серија на работилници за блогирање во Газа и Западниот Брег. Работилниците беа организирани од Arabic Media Internet Network (AMIN), чија цел е зголемување на бројот на блогери во палестинското општество.
Бахреин: Ја изгаснав цигарата!
Како што муслиманскиот свет месец Рамадан (месецот на постење) брзо се наближува, бахреинскиот блогер Tawfeeq Al Rayash со еден удар убива две муви. Тој пости веќе три месеци и се откажа од пушењето откако за тоа го освести неговата ќерка.
Либан: Тројца уапсени за постовите на Фејсбук
Либанците Naim George Hanna, 27 години, Antoine Youssef Ramya, 29 години и Shebel Rajeh Qassab, 27 години, беа уапсени за постирање на Фејсбук статуси против либанскиот Претседател Michel Suleiman. Либанската он-лајн заедница е навредена заради нападот на нивниот кибер-простор; еве некои од нивните реакции.
Среден Исток: Збогум Сарамагу
Блогерите низ Средниот Исток тагуваат за смртта на потругалскиот писател Жозе Сарамагу – единствениот добитник на Нобеловата награда за литература на португалски јазик, кој имаше сопствени религиски и политички погледи на...