Написи за Еквадор од јули, 2009
Еквадор: Евалуација на наставниците од јавните училишта
Реформата на образовниот систем во Еквадор беше цел на сегашната влада и сега има одредени забелешки на нејзината реализација од страна на наставниците од јавните училишта низ целата земја. Извршната власт постави нов закон ( pdf доумент) кој бара сите наставници да бидат евалуирани за време на неделата околу 25 мај. Меѓутоа, Националната унија на наставници [шпански](UNE иницијали на шпански) дава отпор и отворено се спротивстави на законот велејќи дека не е јасно дали таквото тестирање е законско.